Девојки престанете да си ги кажувате овие лаги по прекинот на врската

Девојки престанете да си ги кажувате овие лаги по прекинот на врската

Раскинувањето на љубовните врски остава трага кај луѓето. Но, по таквата одлука, мора да најдете сила и да продолжите напред. Залажувањето може да биде најлош непријател. Девојките се особено наклонети кон разубавување на вистината, па е сосема вообичаено да се лажат себеси по прекинот на врската. Ова се некои од најчестите лаги, кои веднаш треба да престанете да си ги кажувате, затоа што тие никому не помагаат.

(1) Девојки престанете да си ги кажувате овие лаги по прекин на врската

1. „Јас сум крива“

За прекин на една врска се потребни двајца, но многу девојки и жени често знаат да се обвинуваат себеси. Тие си создаваат чувство на вина за работи врз кои немале никакво влијание. Понекогаш раскинувањето е единствено одлука на момчето и таа е поврзана со неговите лични потреби и размислувања.

2. „Можеби ќе се премисли“

Можеби навистина ќе се премисли. Но тоа не е нешто на кое што треба да сметате и да се надевате. Треба да ја прифатите реалноста и да продолжите напред, без идејата дека можеби, некогаш и некаде ќе бидете повторно заедно. Дури и да ви се врати набрзо, размислете каква одлука ќе донесете.

3. „Сите мажи се гадови“

Не е точно, има прекрасни мажи. Исто така, доколку вашиот партнер ве оставил, тоа не значи дека е лоша личност, туку едноставно не се чувствувал најубаво во врската со вас. Многу жени се лажат себеси дека сите мажи се исти и оти никогаш нема да ја пронајдат љубовта на својот живот, а со тоа си создаваат блокади и граници, од кои не можат да ја почувствуваат убавината на забавувањето и запознавањето нови луѓе.

4. „Никогаш нема да пронајдам некое ново момче“

Ова е една класична приказна, којашто најчесто има среќен крај. Има големи шанси да пронајдете некое ново, прекрасно момче и тоа многу порано од вашите очекувања.

5. „Доколку се подобрам, можеби ќе ми се врати“

Можете да работите на својата личност и да се подобрите заради себеси, но никако за да го вратите поранешниот партнер. Момчето кое ве сака вистински ќе биде покрај вас и кога не сте во својата најдобра верзија, дури и ќе ви помогне да постигнете повисоки цели. Ослободете се од сенките на оние кои одлучиле да заминат од вашиот живот и продолжете напред со крената глава.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар