Дали вашата љубов почнала да преминува во посесивност?

Некако секогаш успеваме да го занемариме нашето однесување, ретко или никогаш не ги преиспитуваме нашите постапки, а многу често ги обвинуваме другите за работите и ситуациите кои ни засметале. Веруваме дека другите имаат големи очекувања од нас, а не дека ние самите всушност со своите дела сме ги довеле до тоа. Истото се случува и во љубовта, каде што кај жените, ако не внимаваат, може да премине во посесивност, без воопшто да забележат. Во продолжение следуваат неколку знаци што укажуваат токму на тоа.

1-dali-ste-posesivna-lichnost-dokolku-pravite-neshto-od-navedenoto-ste-www.kafepauza.mk_

1. Сте ги запоставиле вашите пријатели

До вчера сте уживале на кафе со другарките, во излегувањата, киното, прошетките, а денес сте пронашле момче и одеднаш сте ги запоставиле. Иако и самите мислите дека само сте се заљубиле во него и дека тоа е сосема нормално, сепак вистината е поразлична – вие всушност сакате да го контролирате вашиот партнер. Во ваквата ситуација девојката најчесто ги запоставува и членовите од семејството, исто како и останатите секојдневни активности.

2. Постојано му се јавувате

Од рано наутро го „бомбардирате“ со утрински пораки и повици. Постојано го запрашувате како е, што прави, како спиел, какви се неговите планови. А по само неколку часа повторно му се јавувате, бидејќи сте заборавиле да му кажете нешто. Навечер следуваат пораките за убав сон и така во круг. Доколку не сакате партнерот да побегне од вас, длабоко воздивнете и престанете да му се јавувате на секој час.

3. Му го проверувате мобилниот телефон

Вие сте една од оние личности што ги „демне“ луѓето, особено партнерот по социјалните мрежи, постојано сте во тек на кого му лајкнал фотографија, кој му лајкнал нему, каде оставил коментар, кого заследил и слично. А покрај тоа му ја проверувате и е-поштата, Фејсбукот, Инстаграмот… Приватноста во врската е многу важна, бидејќи ваквите постапки ќе го згушат. Опуштете се, некои работи и онака не може да се спречат, колку и да се обидувате.

2-dali-ste-posesivna-lichnost-dokolku-pravite-neshto-od-navedenoto-ste-www.kafepauza.mk_

4. Љубоморни сте

Доколку сметате дека секоја жена е потенцијална закана, така ќе го избркате од себе. Никој не сака личност без самодоверба. Едноставно обидете се да сфатите дека колешката на работа е само тоа – колешка од работа, и доколку требало да стане нешто повеќе, досега би се случило, бидејќи таа не би чекала вие да започнете да се забавувате за таа одеднаш да забележи дека нејзиниот колега е всушност убав, симпатичен, посакуван и привлечен. Доколку сакате да го отерате до себе, ова е вистинскиот начин.

5. Ви пречат неговите излегувања

Уште еден знак дека ве опседнала посесивноста. Единствено нешто полошо од тоа да му браните да излегува со другарите е да сакате секаде да одите со него.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар