Дали треба патиките да ги перете во машина за перење? 3 грешки што ќе ги уништат фармерките и омилената облека

Познавачите на областа велат дека тоа не е препорачливо.

Дали треба патиките да ги перете во машина за перење? 3 грешки што ќе ги уништат фармерките и омилената облека

Лепилото со кое се лепат патиките може да се растопи во машината, дури и ако ги перете само со ладна вода.

Тие велат дека никогаш не треба да ги ставате патиките во машина за перење, а за сушење никако не треба да користите фен. Топлината може да го растопи лепилото кое тие го содржат, а во зависност од материјалот, може да се исушат со фен само платнените патики.

Наместо да ги перете во машината, можете да ги исперете патиките со детергент, рачно.

И еве уште еден совет за перење: за крпите да бидат помеки вметнете тениско топче во сушарата за алишта.

Тениско топче може да вметнете и при сушењето на јакни со пердуви и перници. Тениското топче им помага на овие полнења побрзо да се исушат.

Сопствениците на јавни перални тврдат дека не е можно пантолоните да се „исчистат“ преку ставање во замрзнувач и препорачуваат нив задолжително да ги исперете по 5 носења. Пред да ги ставите во машина треба да ги превртите за да го забавите нивното избледување.

Иако ни се чини дека алиштата се почисти со употреба на малку повеќе детергент тие тврдат дека не е така.

Премногу детергент за алишта може да создаде нови проблеми, како што се оштетување на облеката, создавање мирис во машината за перење и подолго сушење на облеката.

Тие откриваат и дека бактериите не се уништуваат при перење на висока температура, но препорачуваат употреба на избелувач врз база на хлор.

Можеби сакате да прочитате и како да се справите ако вашата облека се стеснила при перењето? Еве како да ја раширите на најлесен начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар