Дали сексот на првиот состанок може да ги уништи шансите за сериозна љубовна врска?

Дали сексот на првиот состанок може да ги уништи шансите за сериозна љубовна врска?

Се ближи крајот на вашиот прв состанок, кој сега засега се одвива одлично, а пред вас стојат две опции – по бакнежот да си заминете дома или пак, да завршите во неговата спална соба. Од една страна, тој ве привлекува и сакате да се препуштите на неговата прегратка, но истовремено и не сакате да си ги уништите шансите за нешто сериозно, плашејќи се тој да не добие погрешен впечаток за вас. Токму затоа ги прашавме момците да дознаеме како тие ја доживуваат оваа постапка и дали тоа влијае на понатамошното развивање на самата врска. Во продолжение следуваат нивните најинтересни одговори.

Дали сексот на првиот состанок може да ги уништи шансите за сериозна љубовна врска?

„Ако е добра во кревет, не би ни размислувал за тоа на кој состанок прв пат сме спиеле заедно. Ако сексот е просечен, би ѝ дал уште некоја прилика да се подобри, но дефинитивно не би можел да бидам со личност со која не сум компатибилен во креветот.“

„Знам дека жените ќе кажат дека сум лицемерен, но јас не би размислувал за ништо посериозно со девојка која се согласила да спие со мене уште на првиот состанок. Би бил среќен доколку тоа се случи, но најверојатно тука би престанал нашиот контакт.“

„Со мојата сопруга имавме секс на првиот состанок. 10 години подоцна, сè уште сме среќни заедно, а сексот ни е подобар од кога било порано.“

„Не би имал проблем со тоа, бидејќи секогаш велам дека што побрзо се случи, толку подобро и за двајцата. Зошто да се губи време и пари на личност со која не се согласувате во кревет?“

„Сексот на вториот состанок ми помогна да ја оценам како одличен избор за девојка. Штета што останатите работи меѓу нас не функционираа.“

Како што можете да видите, сите овие мажи ни даваат сосема различни одговори. Но, сепак од нивното искуство може да се извлече голема поука. Ако ја најдете онаа личност со која навистина сте компатибилни, како во сексот, така и во останатите аспекти од животот, тогаш воопшто не е важно кога прв пат сте спиеле заедно! Па, ако сметате дека некој ве привлекува доволно за да ја поминете ноќта во неговиот кревет уште на првиот состанок, не се спречувајте и сторете го тоа. Живејте во моментот! Од друга страна пак, ако сметате дека ви е потребно време за да го преземете тој чекор, не се брзајте, движете се полека. Сè додека го правите тоа што вам ви е удобно, не можете да згрешите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар