Дали некој навистина може да се промени кога станува збор за љубовта?

Дали некој навистина може да се промени кога станува збор за љубовта?

Кога станува збор за промена на личноста поради љубовта, постојат луѓе кои веруваат и луѓе кои не веруваат во тоа. Оние кои веруваат ќе мислат дека една личност може да се менува во зависност од околностите и ќе се водат по тоа нивно размислување, додека пак останатите би биле малку повеќе скептични на оваа тема.

Возможно ли е некој да се промени кога е во прашање љубовта?

Прашањето е: Дали некој навистина може да се промени кога станува збор за љубовта? Најпрво, според некои експерти, голема улога игра и Нумерологијата. Имено, тука е значаен вашиот животен број. Секој број ги покажува карактеристиките на одредена личност и како таа реагира на животните предизвици. Според тоа, доколку некои личности не си одговараат според своите вродени карактерни особини, промените нема да траат долго. На пример, бројот 5 се смета како паметен и прогресивен, додека пак бројот 2 како нежен, внимателен и чувствителен. Па, во многу случаи промените кај оваа комбинација не би дале задоволителни резултати. Затоа, настојувајте да изберете некој со кој сте природно компатибилни и покрај кој ќе можете да бидете целосно свои.

Покрај ова, од друга страна важно е да се спомене дека со текот на времето сите се менуваме. Може да се каже дека вистинскиот одговор за тоа дали некоја личност ќе се промени или не, лежи некаде во средината. Истражувањата покажале дека иако една личност во голема мера може да остане константна во текот на животот, таа исто така може да се промени и повеќе отколку што самата е свесна. Исто така истражувањата покажале дека луѓето се способни да направат повеќе драстични промени одеднаш. Секако, односите се базираат на меѓусебен компромис, бидејќи не постојат двајца кои совршено се вклопуваат, па затоа треба се прилагодат еден на друг. Ако некој сфати дека промените се вредни, тогаш тој или таа ќе даде сѐ од себе за да ја задржи личноста што ја сака.

Возможно ли е некој да се промени кога е во прашање љубовта?

Доколку утврдите дека вие двајцата си одговарате и сакате да продолжите да вложувате во вашата врска, треба да се почитувате и да си верувате еден на друг. Нормално е дека кога еднаш ќе бидете изневерени ќе очекувате вашиот партнер да се покаже во најдоброто светло, но она што можете да го направите за да се заштитите себеси е да „предвидите разочарување“, при што не би биле толку изненадени и повредени ако на крај се покаже дека партнерот не е тоа што ветувал дека ќе биде. Некои промени можат да се случат со текот на времето, толку суптилно што ќе ги забележите дури откако ќе завршат. Во една врска еден од партнерите може да открие многу свои аспекти за кои до тогаш не знаел, а кои може да водат кон подобри односи.

За крај, можеме да заклучиме дека промената постои, но надежта, посакувањето, лажењето себеси па дури и молењето вашиот партнер да се промени, не се доволни за тоа да се случи. Затоа, не молете никого. Доколку некој смета дека сака да биде со вас, ќе се обиде да го промени своето однесување, а времето ќе покаже дали тоа навистина се случило и дали таа личност го заслужува вашето внимание. Сепак, постои разлика дали се обидувате да промените некоја вродена животна особина, или пак сѐ што треба да е промените некои навики или ставови. Најдобро е темелно да погледнете на ситуацијата и да го процените одговорот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар