Чудесен лек од природата: Ова растение лекува многу болести

Чудесен лек од природата: Ова растение лекува многу болести

Црниот слез е растение кое се користело во народната медицина уште од античко време. Обично расте до 80 цм во висина и има заоблени, срцевидни лисја или лисја во форма на бубрег. Бојата на цвеќето зависи од видот на растението и се движи од синкава до розово-црвена боја. Нема мирис и има неутрален вкус. Расте покрај реките, на влажни ливади, но се одгледува и во градините.

Чудесен лек од природата: Ова растение лекува многу болести

За лекување се користат листовите, цветовите и коренот на растението. Ако планирате сами да го сушите и да направите чај од ова растение, треба да ги наберете цветовите за време на цветањето кога се целосно отворени. Тие се сушат под сенка и на високи температури. Што се однесува до листовите, тие не смеат да бидат оштетени ако планирате да ги сушите.

Лековити својства на црниот слез

Црниот слез се користи за да го олесни варењето на храната. Чајот подготвен на пропишан начин се користи за лекување кашлица, бронхитис, гастритис, надуеност на белите дробови (емфизем) и за исфрлање на насобраниот секрет во белите дробови.

Исто така, се препорачува за лекување на грчевите во стомакот и во цревата и за болно уринирање.

Црниот слез е одлична помош кај респираторните органи што се во лоша состојба. Има антибактериско и антивирусно дејство, ја разредува слузта и го олеснува кашлањето, а неговиот смирувачки ефект ја смирува воспалената слузница на грлото.

Како правилно да подготвите чај од црн слез?

За да го подготвите чајот, потребни ви се 2 лажици црн слез кој ќе ги прелиете со 250 милилитри млака или ладна вода. Оставете го да отстои најмалку 1 до 2 часа.

Подоцна, загрејте го чајот и можете да додадете мед, шеќер или лимон по желба.

Покрај чајот, се користат и капсули и капки од црн слез.

Прочитајте кои семки ја спречуваат појавата на рак, инфаркт, стареење на клетките и многу други болести.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар