Чоколадно суфле: Елегантен десерт што ќе го направите за 10 минути!

Според легендата, овој десерт настанал како грешка на готвачот Жан-Жорж Вонгерихтер кој предвреме го извадил чоколадниот бисквит од рерната, а резултатот бил неодолив. Лава колачите (суфле) се совршени чоколадни десерти! Тие најчесто се подготвуваат од 4 состојки: чоколадо, путер, јајца и шеќер. Во смесата се додаваат и ликери, портокал и лимон, па дури и чили, а десертот можете да го послужите со сладолед, замрзнато овошје или слатка павлака.

Чоколадно суфле: Елегантен десерт што ќе го направите за 10 минути!

Најважно е тоа што десертот се пече така што однадвор треба да биде цврст, а внатре течен. За тоа се потребни отприлика 10 минути. Прочитајте го деталното упатство и подгответе го овој вкусен десерт…

Потребни состојки:
  • 2 лажички путер
  • 240 грама чоколадо за готвење
  • 5 јајца
  • 200 грама шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 4 лажички брашно

Чоколадно суфле: Елегантен десерт што ќе го направите за 10 минути!

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Издробете го чоколадото и стопете го заедно со путерот постојано мешајќи. Изматете ги јајцата, па додајте ги во чоколадото заедно со шеќерот и солта. Додадете го и брашното, па смесата ставете ја во мали огноотпорни садови или во калапи за мафини кои претходно сте ги поминале со масло. Оставете ги да се печат околу 14 минути, а кога ќе бидат готови, извадете ги од калапите наопаку и засечете ги за да потече течноста однатре. Десертот можете да го украсите со стопено чоколадо, шлаг, сладолед или шумско овошје. Добар апетит!

Обидете се да го направите и ова јапонско суфле за кое ви се потребни само 3 состојки.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар