Чоколадна крем-пена за 5 минути

Чоколадна крем-пена за 5 минути

Ви се јаде нешто благо, а не сакате да експериментирате со торти и колачи? Сè што ви треба се чоколадо, вода и 5 минути слободно време. Да, баш така. Еве како да ја направите оваа брза чоколадна крем-пена:

Чоколаден мус за 5 минути

Потребно е:
  • 265 г чоколадо со 70% какао маса
  • 240 мл вода
  • 4 дополнителни лажички вода (во случај ако чоколадото ви е многу горчливо)
Подготовка:

Земете два длабоки сада, еден голем и еден помал. Помалиот наполнете го со мраз и врз него ставете го поголемиот. Во тенџерче на оган со средна температура, ставете го чоколадото, претходно искршено на коцки, да се стопи заедно со водата. Мешајте повремено додека чоколадото сосема не се растопи и поврзе со водата. Стопеното чоколадо ставете го во големиот сад и со миксер или жица за мешање почнете да ја матите смесата додека не стане густа. Мешајќи, чоколадото ќе се згусне затоа што топлината од чоколадната смеса ќе почне да се поврзува со мразот врз кој матите. Ако во смесата со текот на матењето почнат да се појавуваат грутки, не грижете се – додадете уште малку вода и мешајте додека не добиете густа чоколадна смеса. Сервирајте во омилените десертни чаши.

Забелешка: Оваа чоколадна крем-пена освен како десерт, може да ви послужи и како убав и богат фил за во некоја торта.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар