Целиот ваш живот зависи од првиот час по будењето: Што треба да правите во овие 60 минути?

Луиз Хеј, американска писателка позната по своите книги за самопомош, тврди дека првиот час после будењето е најважен и дека од него зависи како ќе го поминеме остатокот од денот. Како вие го започнавте денешниот ден? Кои зборови излегоа од вашата уста? Дали се жалевте, приговаравте? Дали се заблагодаривте на сето она што ви го донесе денешниот ден? Со помош на советите од страна на Луиз и кратките медитации ќе се подготвите за нови, свежи и поведри утра.

1-3-rituali-koi-gi-preporachuva-lujza-hej-eve-kako-vashiot-zhivot-zavisi-od-prviot-chas-posle-budenjeto-www.kafepauza.mk_

1. Пронајдете утрински ритуал што ве радува

Или само копирајте го оној кој е проверен од страна на Луиз. Воопшто не е тешко и не одзема многу време. Таа, додека сè уште е во кревет, кажува: „Денес е баш добар ден“ или „Денес ќе биде одличен ден“. Потоа станува и се заблагодарува на своето тело што ја служи добро и прави вежби за истегнување. Откако ќе се размрда, изговара афирмации како што се: „Денес ќе создадам одличен ден и прекрасна иднина.“ На тој начин, во само неколку минути се фокусира на позитивен исход, се заблагодарува и си дава себеси охрабрување за денот кој е пред неа.

2. Смислете афирмација за секоја утринска активност

Додека појадувате, ги миете забите, се облекувате, пиете утринско кафе, како и додека се возите до работното место… Секоја работа што ја повторувате скоро секој ден нека ја следи една афирмација. На пример, тоа може да биде: „Јас сум магнет за позитивни работи“, „Секој ден ми носи нови прилики“, „Денес многу ќе се смеам“, „Гледам убавина во сè“, „Јас сум силна и здрава“, „Сакам и сум сакана“… Вие самите ќе почувствувате која реченица најмногу ви одговара.

2-3-rituali-koi-gi-preporachuva-lujza-hej-eve-kako-vashiot-zhivot-zavisi-od-prviot-chas-posle-budenjeto-www.kafepauza.mk_

3. Позитивна утрешна медитација

Замислете дека стоите во ходникот на вашиот живот. Зад вас се наоѓаат многу затворени врати. Врати кои ги претставуваат работите на кои повеќе не мислите и кои повеќе не ги изговарате, искуствата кои повеќе ги немате. Пред вас се наоѓа ходник на кој не му се гледа крајот. Само забележувате многубројни врати. Врати на нови искуства. Замислите дека одите и ги отворате вратите со најубавите искуства – среќа, мир, оздравување, благосостојба, љубов. Вратата на разбирањето, сочувствувањето, опростувањето. Вратата на слободата. Вратата на самодовербата и неизмерната љубов спрема себе. Сите тие врати се пред вас. Која ќе ја отворите прва? Верувајте на вашиот внатрешен водич кој ве води кон оние искуства кои се најдобри за вас и кои ви овозможуваат напредок. Без разлика на тоа кои врати ќе се отворат или затворат, не заборавајте дека секогаш сте сигурни.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар