Бои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побело

Понекогаш е навистина тешко и скапо да се одржи блескаво белата насмевка, но постојат одредени трикови со кои можете да креирате илузија и да ги покажете вашите заби во подобро светло. Погледнете ги овие неколку нијанси на кармини кои можат многу да ви помогнат при белиот изглед на вашите заби.

Црвена

Бои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побело

Одбирајте нијанси со сина основа, наместо оние со портокалово-црвена основа. Црвената боја сама по себе е соодветна за скоро сите бои на кожа, но со совршено балансираната сина основа таа исто така може да служи и како одличен трик за избелување заби. Сината во споредба со портокаловата и жолтата боја стои на спротивната страна од спектарот, па токму затоа има тенденција да ги неутрализира овие 2 несакани бои на нашите заби. Кармините кои имаат портокалово-црвена основа ги истакнуваат токму оние моменти на вашите заби кои вие сакате да ги скриете.

Светло розова

Бои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побело

Одбирајте студени тонови, наместо корални или портокалови. Розовите кармини имаат тенденција да бидат погусти од црвените бидејќи им недостасува темниот контраст кој кај нив предизвикува забите да се истакнат. Но, и тука важи истото правило. Избегнувајте ги портокаловите основи и одете на понежните розови, оние кои имаат нијанси на зрнести плодови.

Темно розова

Бои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побело

Секогаш кога се двоумите, одберете нијанса на зрнести плодови. Овие бои ви отвораат широк спектар за избор. Тие најчесто се на границата помеѓу розова и виолетова боја, каде што се истакнува сината основа која прави чуда со вашата насмевка. Без разлика дали ќе одберете светла малина или темна слива, вие никогаш нема да згрешите. Но, имајте на ум дека оние видови кармини кои повеќе светат можат негативно да влијаат врз бојата на вашите заби, така што подобро е да одбирате мат нијанси.

Темни нијанси

Бои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побело

Одберете темни бои кои имаат виолетов сјај наместо оние со кафеава основа. Кафеавата боја воопшто не им помага на вашите заби, баш напротив, таа ги истакнува кафеавите тонови во вашата насмевка. Контрастот помага, секако, но многу е подобро доколку одбирате темни нијанси на виолетови или црвени бои.

Боја на кожа

Бои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побело

Едноставните формули со мал сјај се секогаш добар избор. Можеби оваа идеја е спротивна на вашата интуиција, но понекогаш е потребен мал сјај за вашите заби да го покажат своето вистинско светло. Со помош на сината основа која не е видлива за очите во овие бои, вашите заби ќе почнат да зрачат. Од друга страна пак, мат верзијата од бојата на кожа може да предизвика вашите усни да изгледаат суво, па и тоа негативно да влијае врз вашата насмевка.

Држете се настрана од овие бои

Бои на кармини кои прават вашите заби да изгледаат побело

На крајот од денот одлуката е ваша. Но, следниве 3 нијанси се вистински непријатели на вашата насмевка, па можеби е подобро доколку воопшто не ги употребувате…

Смрзнат сјај: Да, малку сјај може да направи чудо. Но, доколку вашиот изглед е премногу леден, ризикувате да направите илузија дека усните ви се побели од забите.

Портокалова: Погледнете ја фотографијата, таа кажува сè!

Неонски бои: Овие бои можеби и би можеле добро да ги искомбинирате, но само доколку имаат сина нијанса, бидејќи со својот интензитет тие имаат тенденција да ги истакнуваат несовршеностите на нашите заби.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар