Благодарноста го разубавува животот

Благодарноста го разубавува животот

Едно од најубавите чувства кое ги прави луѓето среќни и може да го промени односот спрема животот е благодарноста, вели едно американско психолошко истражување, спроведено во текот на последните неколку години.Благодарноста го разубавува живототНаучниците се обидувале да докажат дека благодарноста не само што ни помага во животот, туку докажале дека постои и неврохемиски процес кој стои зад таквите чувства. Воедно, тие ги истакнале и најдобрите начини за искажување на благодарноста.

Професорот по психологија на Универзитетот во Мајами, Мајкл Макалок испитувал група луѓе, од кои било побарано редовно да го искажуваат чувството на благодарност.

Кога ќе застанете и ќе ги преброите сите добри работи кои постојат во вашиот живот, на некој начин ја преземате контролата врз своите емоции“ – објаснува Макалок.

Професорот додал дека психолозите порано ја потценувале моќта на обичното чувство на благодарност и дека една од причините поради којашто благодарноста делува толку добро врз емоционалната состојба на луѓето, е фактот дека таа нѐ поврзува со другите луѓе, па во согласност со тоа, има подлабоко емотивно и интимно значење за луѓето.Благодарноста го разубавува живототВодењето дневник за благодарноста, во кој луѓето на неделно ниво или секоја вечер ќе ги запишуваат нештата поради кои се чувствуваат благодарно, сѐ повеќе станува редовно терапевтско средство.

Многу е важно во вашиот дневник поголемо внимание да им посветите на другите луѓе поради чие присуство во вашиот живот, се чувствувате благодарни“ – вели Роберт Имонс, професор по психологија на Универзитетот Калифорнија.

Имонс смета дека луѓето треба да си замислат како нивниот живот би изгледал без убавите работи во него. Особено треба да си замислат каков би им бил животот без присуството на нивниот сопруг/а и да се запрашаат колку се благодарни за неговото/нејзиното постоење.Благодарноста го разубавува животот

Луѓето кои се благодарни, се чувствуваат побудно, поживо, позаинтересирано, ентузијастично и чувствуваат поголема поврзаност со другите луѓе“ – објаснува Имонс, кој е автор на две книги посветени на благодарноста и кои го проучуваат ефектот на водењето дневник на благодарност.


Чувството на благодарност исто така, го ублажува стресот. Помалку е веројатно дека благодарните луѓе ќе ги обземат чувства на завист, лутина, незадоволство, каење или други непријатни чувства кои го предизвикуваат секојдневниот стрес“ – наведува Имонс.

Научниците покрај тоа што ги проучиле емоциите кои стојат зад благодарноста, ја истражиле и нивната неврохемиска основа. Имонс објаснува дека прелиминарните теории ги проучуваат хормоните во крвта и невротрансмитерите во мозокот, кои се поврзани со ова чувство.

Левата претфронтална кора на големиот мозок, која се поврзува со позитивните чувства како што се љубовта и сочувството, најверојатно е клучната точка“ – вели професорот.

Ако ви треба идеја за да започнете да го практикувате заблагодарувањето, еве некои работи за кои често забораваме да бидеме благодарни, а еве дури 15 креативни начини на кои можете да се заблагодарувате.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар