Бидете свесни: 3 начини да поддржите личност која страда од ментална болест

Најчестите форми на ментални болести вклучуваат нарушувања на анксиозноста, расположението, јадењето, контролата на импулсите, како и зависност, нарушувања на личноста, опсесивно-компулсивно нарушување и посттрауматски стрес. Доколку познавате личност која страда од овие нарушувања или пак, има друг вид ментална болест, со помош на следниве 3 нешта можете да ја поддржите и да ѝ помогнете во нејзините битки.

Бидете свесни: 3 начини да поддржите личност која страда од ментална болест

1. Обидете се да сфатите за што станува збор

Којзнае, можеби би можеле да најдете поврзаност со некоја ваша состојба. Истражувајте и обидете се да разберете дека менталните болести се многу чести. Дали вие некогаш сте се чувствувале анксиозно? Депресивно? Можеби сте страдале во минатото или пак, тоа ви се случува сега. Не можете да знаете додека не истражите повеќе на оваа тема. Доколку сте доволно информирани, вие исто така ќе можете и подобро да се поставите кон личноста која страда од ментална болест. Не можете да очекувате дека ќе ѝ помогнете ако барем малку не откриете низ што таа поминува.

2. Послушајте ги оние кои ви се доверуваат

Доколку некој ви се доверува, тој или таа веќе знае што прави. Токму затоа и не нудете слепи решенија бидејќи на нив не им потребен вашиот совет. Тоа што им е потребно е личност на која можат да се потпрат. Користете ги фразите како: „Тоа низ што поминуваш звучи многу тешко“ и не велете дека разбирате, бидејќи реалноста е дека не разбирате. Слушањето најчесто може да биде најдобриот начин да ги поддржите другите.

3. Зборувајте отворено и прифаќајте

Кога славните личности говорат за своите битки со ментална болест, тие им покажуваат на луѓето дека е во ред да бидете искрени за овие лични сосојби. Токму затоа и вие кога ќе се отворите, можете да им помогнете на луѓето на начини на кои никогаш не сте верувале дека е можно. Доколку страдате од ментална болест, не се плашете да зборувате за неа. Со отстранувањето на вашиот оклоп за одбрана, вие ќе почнете да се чувствувате многу подобро. Од друга страна пак, ако познавате некој кој се справува со ваков проблем, обидете се да го прифатите целосно и да го ислушате докрај. На тој начин би можеле многу да му помогнете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар