Без изговор: 6 апликации што се најдобри за вежбање во вашиот дом!

Веќе нема да можете да наоѓате изговори за да избегнувате тренинзи, особено кога ќе сфатите колку апликации постојат што се наменети токму за оваа цел. Со нив можете да вежбате на кое било место и во кое било време, а со тоа и ќе престанете да наоѓате оправдувања за прескокнување на вежбите.

Без изговор: 6 апликации што се најдобри за вежбање во вашиот дом!

Па доколку не сакате да одите на групен тренинг, во теретана или пак, едноставно немате време за тоа да го правите, разгледајте ја добро оваа листа, и пронајдете ја апликацијата што најмногу ви се допаѓа. Секоја од нив може да ви овозможи да вежбате во рамките на својот удобен дом, со виртуелен тренер што ќе направи да се почувствувате како вистинска ѕвезда…

1. Qinetic

Оваа апликација е совршена за оние што не можат да се натераат да станат порано за да вежбаат во теретана. Вие можете да ги најдете најдобрите вежби од различни фитнес експерти на едно место – без разлика дали сакате зумба, јога или нешто сосема различно…

Апликацијата е достапна за корисниците на Apple.

2. Freeletics Bodyweight

Ако сакате да ја користите сопствената тежина за да оформите мускули, тогаш оваа апликација е најдобриот избор за вас. Таа исто така доаѓа и со една голема предност – мора да поминете низ фитнес тест пред да почнете да вежбате со цел вашиот распоред на вежбање да биде оформен според вашите лични потреби.

Апликацијата е достапна за корисниците на Apple и Android.

3. Sworkit

Оваа апликација ви овозможува да изберете дали сакате кардио вежби, вежби за сила, истегнување или пак некоја комбинација од нив. Одлична е за почетници бидејќи детално ги покажува правилните изведувања на сите вежби.

Апликацијата е достапна за корисниците на Apple и Android.

4. Keelo

За сите оние што се во потрага по вежби со висок интензитет, оваа апликација е совршена за вас! Таа ќе ви помогне да се доведете во топ форма надвор од теретаната, а предност е тоа што постои и можност за соработка со виртуелен тренер што ќе ви ги одговори сите прашања што ги имате.

Апликацијата е достапна за корисниците на Apple.

5. Workout Trainer

Оваа апликација содржи илјада бесплатни вежби со инструкции што ве водат чекор по чекор додека не ги научите правилно. Без разлика дали барате начин да ги зацврстите стомачните мускули или само сакате да ја вратите кондицијата, оваа апликација дефинитивно ја содржи совршената програма за вас.

Апликацијата е достапна за корисниците на Apple и Android.

6. 7 Minute Workout

Можеби 6 минути вежбање на ден не се доволни за да забележите некаква разлика на вашето тело, но со 7 веќе можете да правите чуда. Тоа е минималното време што треба да го издвоите за да почнете да забележувате резултати, а оваа апликација ви помага до тој степен што не мора да се грижите буквално за ништо освен за самото изведување на вежбите.

Апликацијата е достапна за корисниците на Apple и Android.

Погледнете ги и овие лесни рутини за вежбање дома за кои не ви е потребна опрема!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар