Астрална интимност: Секс „надвор од телото“

Астралната проекција е нешто што го може секој. Но исто така постои и астрален секс кој е директно поврзан со проекцијата, но ретко кој разговара за него.

astralna-intimnost-seks-nadvor-od-teloto-kafepauza.mk

За оние кои не знаат, астралната проекција е способноста вашата душа свесно да го напушти телото. Буквално секој може да го направи ова, но потребно е истражување, вежбање, посветеност и отворен ум. Како што учите да одите или да возите велосипед, астралната проекција е само уште една вештина која треба да ја вежбате за да ја научите.

Секоја ноќ дур спиеме, нашето астрално тело е надвор од физичкото тело. Ама ние не сме свесни за ова. Астралната проекција е едноставно способност да останете свесни додека вашето тело се одмара. Додека сте надвор од вашето тело, вие сте свесни за фактот дека сте во друга димензија секоја ноќ кога спиете.

Исто така, ќе сфатите дека е многу лесно да се вратите назад. Вашето астрално тело е енергетски поврзано со физичкото тело со сребрена нишка која ви е сигурноста за враќање назад. Всушност, многу е полесно да се вратите во телото отколку да останете надвор. Ова е доказ дека астралната проекција не е опасна, иако многумина го тврдат тоа. Не постои никаков ризик дека ќе умрете, дека ќе се разболите или пак дека ќе бидете опседнати од друго битие.

Астралната проекција е навистина неверојатна, бидејќи речиси и да нема граници. Можете да правите што било – да летате низ целиот свет, па дури и да шпионирате некого. Можете да правите сè што ќе ви падне на ум, а овде спаѓа и сексот. Но астралниот секс е многу поразличен од физичкиот. Физичкиот секс се основа на пенетрација и има многу ограничувања. Во астралниот свет нема гравитација која ве држи долу, немате раце и нозе кои ви сметаат. Не мора да се грижите за бременост или сексуално преносливи болести. Исто така нема потреба да се грижите за непријатност или скриени намери бидејќи се чувствувате со партнерот до самото јадро на вашето битие. До некаде, астралниот секс е „мешање“ на душите, а тоа е навистина страсно и моќно.

Во продолжение погледнете го и објаснувањето на Стив Џоунс за астралниот секс кој е експерт во оваа област.

Доколку ве интересира оваа тема, прочитајте и нешто повеќе за контролирањето на вашите соништа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар