Ако не знаете да се однесувате како кралица, не очекувајте бајка

Сигурно сте прочитале милион статии кои го советуваат следново: Престанете да чекате да се појави маж кој ќе ве сака и едноставно сакајте се себеси. Убаво звучи како теорија. Уживајте во топла бања, пијте чај и заборавете на сите идиоти кои ви го скршиле срцето! Но, како и сите други теории, така и оваа, тешко е да се примени во пракса.

Ако не знаете да се однесувате како кралица, не очекувајте бајка

Лесно е да се сакате себеси додека се шминкате наутро и танцувате на песни од Бијонсе пред огледало. Но, потешко е да се направи истото кога сте испиле 3 вотки и дечкото кој веќе 4 пати ве откачил ви ветува дека сега созреал и овој пат ќе биде поинаку. На сите ни се случува истото. Сигурно досега милион пати сте го започнале денот полни со самодоверба и потоа во текот на вечерта сте направиле нешта за кои подоцна сте зажалиле. Сте си ветиле дека нема да ги повторувате истите грешки и потоа сте се чувствувале лошо што не сте се држеле до планот.

Многу девојки постојано си ветуваат дека нема повеќе да си имаат работа со момци кои само ги искористуваат и потоа доброволно дозволуваат да бидат искористени. Заглавуваат во истиот маѓепсан круг на лоши љубовни врски одново и одново, а сите „експерти“ советуваат дека проблемот ќе се реши со едноставна утринска мантра и позитивни афирмации. Ако решението е толку едноставно зошто постојано ги повторуваме истите грешки?

Човечки е да се греши и ќе продолжиме да грешиме сѐ додека еден ден не ни дојде памет. Ќе грешите сѐ додека еден ден не излезете со маж кому знаете дека не му се допаѓате баш и наместо да отидете кај него дома, ќе одберете да си отидете сами и да си пуштите филм. Можеби ќе се прашувате дали сте го направиле вистинскиот избор и ќе почнете да се премислувате бидејќи никој не сака да ги поминува ноќите сам. Но, треба да бидете горди на себе бидејќи сте успеале да направите нешто различно и сте излегле од маѓепсаниот круг.

Љубовта кон себеси не треба да ја покажете само еднаш и потоа да заборавите на неа, туку треба да се сакате без оглед на тоа каква одлука ќе донесете. Треба да се сакате себеси дури и ако се премислите за 5 минути, а не да се чувствувате лошо поради тоа.

Ќе почнете вистински да се сакате себеси кога ќе имате разбирање за вашите лоши проценки и човечки грешки. Треба да го прифатите фактот дека нема да успеете секогаш сѐ да направите совршено. Наместо тоа, обидете се да направите нешто што ќе ви користи и понатаму во иднина, а не само моментално. Во ред е да потклекнете на искушенијата понекогаш. Љубовта кон самите себеси не е само моментална лекција, туку вечна авантура.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар