Ако детето стравува од казна тоа не e авторитет туку емоционална манипулација

Формирањето блиска врска со децата е многу важно. Односот полн со љубов претставува отскочна штица во текот на целиот нивен живот, но и му дава смисла на родителството. Сериозноста и важноста се додаваат на оваа тема, а за неа зборуваат многу експерти, медиуми, други родители. Поврзаноста со децата е клучна компонента во градење близок и хармоничен однос.

Топлина

Сакавте да бидете родители и бевте среќни поради тоа. Кога бебето се роди на вашата среќа ѝ немаше крај. Сакавте да направите сè за да го усреќите и заштитите вашето дете. Тоа донесе нов облик во вашиот живот. Потоа можеби првпат моравте да се соочите со фактот дека на детето не сте во можност да му дадете нешто, но не сакате да допуштате или попуштате. Како што растело така почнало да ја покажува својата волја, првпат. Можеби роденото дете почнало да ве фрустрира.

Од сите обврски што ги налага општеството и сите оние што сами сте си ги наметнале, прва и основа меѓу нив е дека на детето треба да му пружите топлина. Тоа е појдовна точка со која ќе го пуштите во светот вашето дете, да гради односи, да сака и да се почитува себеси. Да се даде безусловна топлина значи дека тоа се прегрнува дури и кога е непослушно, да се биде достапен за разговор и во моментите на напнатост, да се поддржува и фали без оглед на неговиот резултат. Тоа значи помилување и давање утеха кога му е потребно, да му се каже „те сакам“ без оглед на сè.

Авторитет

Градењето поврзаност вклучува градење авторитет. Родителите грешат кога авторитетот го изедначуваат со демонстрација на моќ. Претставувањето како модел на авторитет не значи наредување и силно наметнување на својата волја. За топол и близок однос потребно е да се образложи и да се биде полн со разбирање ако детето сака и мисли поинаку. Затоа се препорачува да се каже: „Те слушам што имаш да кажеш, но слушај ме и ти мене“, „Не можеме да одиме таму бидејќи…“ или „Те разбирам дека го сакаш тоа, но прво ќе…, а потоа тоа.“

Детето треба да знае зошто е потребно да ве послуша, но и дека нема да биде помалку сакано ако не го стори тоа. Во тој случај треба да знае дека само ќе му следува кратење на предмети или активности што ги сакало. Детето не треба да стравува од родителската казна бидејќи тоа не е авторитет туку емоционална манипулација која остава трајни последици.

Слушање

Ако сакате да бидете сигурни во вашата блискост, бидете подготвени сериозно да работите на тоа. Тоа бара време и вложување труд. Ако мислите дека детето треба да ве слуша вас мораме да ве предупредиме дека сте во заблуда. Слушањето е взаемен процес и колку и да е тоа помладо од вас, мора да го прифатите како рамноправен соговорник. Децата чувствуваат ако не е така. Сослушајте ги што имаат да кажат, да раскажат што се случило, да споделат со вас како се чувствуваат. Ова е нешто најдобро што можете да му го дадете во целта насочена кон градење на неговата самодоверба.

Што уште значи силна врска?

На сето ова од погоре може да се додадат неколку клучни работи без кои ниеден однос не може да функционира (интимна врска, брат, пријателство, братско-сестрински однос).

Искреност

Да бидете искрени и отворени кога се работи за изразување на чувствата, но и изнесување на критика е еден од најважните услови ако сакате односот да се развива и да се унапредува.

Достапност

Многу важен фактор, посебно во ситуациите во коишто се присутни силни емоции. Не е доволно да се биде само физички присутен туку и емоционално достапен. Разликата е огромна. Да се подели со некого своето доживување, колку и да било непријатно или болно, е нешто благотворно, посебно за децата.

Граници

Да се постават своите и туѓите граници е предуслов за добар и долготраен однос. Ако личноста гледа дека не ги преминувате поставените граници, ќе ве почитува и ќе сака да ја зачува блискоста.

Поддршка

Секому е потребна. Не постои однос во кој давањето поддршка не е цврст темел. Кога искрено му веруваме некому, тоа нас секогаш дупло ни се враќа.

Дознајте кои работи се учат ако се расте покрај родители со кои нема силна поврзаност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар