9 нови трендови за поздрав живот за оние кои немаат многу време

Здрав хамбургер и златно млеко, газиран пијалак без калории и воздушен фитнес… Ова се здравите трендови за оваа година. Во продолжение дознајте како да се активирате физички, да ја изгубите непосакуваната тежина и да се храните поздраво без многу напор.

1. Лесни кардио вежби

9 нови трендови за поздрав живот за оние кои немаат многу време

Кардио вежбите со мал интензитет траат од 30 до 60 минути и се прават во место. Претходно се веруваше дека само интензивните и напорни вежби ќе ви помогнат да ги согорите масните наслаги. Но, во 2018-та година лесните вежби стануваат многу популарни. Овде спаѓа возење велосипед, пешачење, јога и пливање. Овие вежби ќе ви помогнат во неколку работи:

  • Го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и ја намалуваат телесната тежина.
  • Го подобруваат здравјето на луѓето пред развивање дијабетес.
  • Помагаат во градењето мускулна маса повеќе од интензивните тренинзи.

2. Златно млеко

9 нови трендови за поздрав живот за оние кои немаат многу време

Куркумата му дава на млекото златна нијанса, па од овде доаѓа и името. За да се осигурите дека правилно ќе се обработи, додајте и малку бибер. Куркумата е одлична за вашето здравје поради неколку причини:

  • Ги штити невроните и го спречува проблемите со мозокот.
  • Ја спречува реумата.
  • Го штити срцето благодарение на антиоксидансите.
  • Ги ублажува симптомите на депресија.

3. Вертикален фитнес

9 нови трендови за поздрав живот за оние кои немаат многу време

Овој начин на вежбање ја подобрува издржливоста и координацијата. Постојат неколку видови воздушен фитнес и сите до еден се навистина интересни. Можете да пробате воздушна јога, танцување на шипка и слично.

4. Органско вино

9 нови трендови за поздрав живот за оние кои немаат многу време

Грозјето се наоѓа на листата на најзагадено овошје – 96% од продуктите содржат траги од пестициди. Органското вино се произведува од грозје одгледано без пестициди. Тоа содржи важни антиоксиданси и не е штетно за вашето здравје. Кога купувате органско вино, добивате производ направен од грозје одгледано на природен начин што содржи малку сулфати. Ако виното е органско, на него ќе има сертификат.

5. Адаптогени

9 нови трендови за поздрав живот за оние кои немаат многу време

Адаптогените се печурки и тревки кои го намалуваат стресот. Овде спаѓаат рузмарин, гоџи бобинки, спирулина, ѓумбир… Тие се користеле со векови во кинеската медицина, а нивните корисни својства се и научно потврдени. Тие ќе ви помогнат во неколку нешта:

  • Ја одржуваат концентрацијата кога сте изморени.
  • Ги намалуваат последиците од стресот.
  • Ја зголемуваат вашата ефикасност и го подобруваат расположението.

Продолжува на следната страница…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар