9 љубовни совети за хомосексуалци (кои всушност сите би требало да ги послушаат!)

Кога станува збор за љубовта, хомосексуалците се исти како и сите останати на оваа сцена. Тие бараат љубов, привлечност, внимание, како и поврзаност, партнерство и обврзување. Па, доколку сакате да ги подобрите своите шанси при наоѓањето партнер, погледнете ги следниве неколку нешта кои би требало да ги преземете…

9 љубовни совети за хомосексуалци (кои всушност сите би требало да ги послушаат!)

1. Впуштете се во играта. Стоењето од страна нема да ви помогне да ја постигнете вашата цел. Или играјте ја играта на состанување или едноставно отстапете им го вашето место на оние кои се повеќе подготвени од вас.

2. Пробајте нешто ново. Обидете се да ги погледнете состаноците од нова перспектива. Доколку веќе некое време сте ги правеле нештата на ист начин, очекувајќи различен резултат, тогаш можеби е време да почнете со нешто ново. Посетете нов бар, излезете со нови пријатели…

3. Излезете од кутијата. Вие обожавате да трчате, да планинарите и да одите во театар, па токму затоа и го посветувате вашето слободно време само на овие активности. Но, доколку сакате да запознаете нови момци или девојки, како и да се спријателите со нови луѓе, тогаш мора да внесете малку разновидност во вашите активности по работното време.

4. Откријте што точно посакувате. Доколку навистина сакате маж или жена кој/а ја цени моногамијата, тогаш дружењето со луѓе кои имаат отворени врски најверојатно не е вистинското место на кое би можеле да го запознаете вашиот совршен партнер. Започнувајќи од сексот, финансиите и семејството, па сè до интелектуалната свесност, покажувањето на вашите вистински желби и потреби не ве прави слабаци или чудаци, баш напротив, на тој начин станувате автентични во очите на другите.

5. Престанете да наоѓате изговори. Колку повеќе се оправдувате за вашиот неуспех на љубовното поле, толку се поголеми шансите да не ги промените нештата на подобро. Едноставно преземете одговорност за своите постапки и продолжете понатаму.

6. Бидете искрени за сексот. Доколку тој ви е најважен во врската, тогаш најпрво треба да си го признаете тоа на себе, а потоа и на потенцијалниот партнер. Бидете искрени за она кое го сакате и ќе се чувствувате многу послободни и поотворени за сериозна врска.

7. Бидете бестрашни, будалести и полни со љубов. Колку лудо и да ви звучи, овие три карактеристики можат брзо да ве одведат до мажот или жената кој/а е совршен/а за вас. Најпрво, бидете бестрашни во вашата потрага и не се плашете да го отворите срцето. Следниот чекор е да бидете малку будалести, така што ќе му дозволите на вашето срце да ве води. За крај, дозволете им на позитивните чувства да ве обземат и да ве насочат кон вистинскиот крај. Ви делува застрашувачко? Едноставно запрашајте се што е најлошото нешто што би можело да се случи и веднаш ќе ви биде подобро…

8. Престанете да се споредувате. Проверувајте, евалвирајте, мерете… Правете сè освен споредување со сите луѓе околу вас. Колку повеќе барате валидација во туѓото постоење, толку повеќе ќе се намалува вашата самодоверба, резултирајќи со негативно влијание и во љубовниот живот.

9. Верувајте си на себе. Сигурно ова сте го чуле илјадници пати, но тоа не го прави помалку вистинито. Вербата во себе е основата на сè во вашиот живот. Колку повеќе се потпирате на себе, си верувате и не се двоумите во своите мисли и постапки, толку повеќе ќе можете да ги почувствувате вашите инстинкти и да создадете здрава и успешна љубовна врска.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар