9 идеи за љубовен состанок со саканиот кога времето е студено

Зимата е веќе на прагот и сигурно сè помалку ви се излегува на студеното време. Во овој период не можете да одите на прошетка, да возите велосипед или да правите што било на отворено со саканиот. Па затоа, погледнете ги овие предлози за состанок кои се одлични кога надвор е навистина студено.

1. Одете на кино

(2)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mk

Зошто да не ја замените вообичаената ноќ со нешто ново? Одете во кино и погледнете некој од најновите филмови. Се разбира дека е поскапо отколку да останете дома, но ова ви е можност да ја промените средина без да бидете изложени на студот.

2. Посетете музеј

(3)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mk

Ако уживате во уметноста, тогаш одлично. Ако не, побарајте некоја интересна изложба која ќе ви го подобри расположението.

3. Одете во театар

(4)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mk

Сакате нешто подинамично? Упатете се кон театарот и изгледајте некоја претстава. Исто така можете да побарате дали има и некое стендап шоу кои ќе ве насмее и ќе ве стопли.

4. Играјте ласертаг

(5)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mk

Ако сте поактивни, ова е одличен состанок за вас. Овој спорт е веќе достапен и кај нас, па зошто да не му дадете шанса?

5. Прошетајте во некој трговски

(6)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mk

Упатете се кон некој затворен трговски центар и шетајте низ продавниците. Нема потреба да купувате ништо, а сепак ќе си поминете одлично.

6. Посетете засолниште за животни

(7)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mk

Побарајте во вашиот град засолниште за животни, или пак одете во продавница за миленичиња. Кој знае, можеби ќе си заминете дома со нов пријател.

7. Имајте долга и убава вечера

(8)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mk

Ако сакате тивка вечер со вашиот партнер, но не сакате да останете дома, упатете се кон некој убав ресторан. Нема потреба од ништо луксузно или гламурозно, доволно е да сте заедно и да уживате.

8. Заедно посетувајте некој курс

(9)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mk

Пронајдете кои курсеви се одржуваат и заедно посетете некој. Без разлика дали е тоа за цртање или пишување. Ќе си поминете одлично, а можеби ќе се појави и некој скриен талент.

9. Останете дома под ќебе

Couple watching TV together

Се разбира, нема ништо лошо во тоа да останете дома и цела вечер да не правите ништо, топлејќи се под ќебето. Направете пуканки, подгответе нешто за пиење и релаксирајте се.

Ако ви се потребни уште идеи, погледнете ги и овие предлози за уникатен состанок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар