9 едноставни нешта што ќе ви помогнат да направите детоксикација на вашиот дом

9 едноставни нешта што ќе ви помогнат да направите детоксикација на вашиот дом

Сигурно имате слушнато за „чиста“ исхрана, но што е со „чистото“ живеење? Кога ќе земете предвид колку време поминувате во домот, нормално е на вашиот простор да му дадете љубов и внимание. Ако постојаното темелно чистење на домот не ви е омилена активност, постојат поедноставни начини со кои ќе ја намалите изложеноста на токсини и ќе го направите вашиот дом малку поздраво место за живеење.

9 едноставни нешта што ќе ви помогнат да направите детоксикација на вашиот дом

1. Инвестирајте во зеленило

Не само што растенијата ќе го подобрат изгледот на вашиот дом, туку тие се природни прочистувачи на воздухот. Некои видови се дури и добри за вашето здравје. Еукалиптусот, на пример, е познат по тоа што ги ублажува симптомите на респираторните нарушувања, го одржува здравјето на кожата и го намалува ризикот од бактериски инфекции.

2. Соблечете ги чевлите

Вашите чевли се како магнет за нечистотија, бактерии и сè што се наоѓа надвор. Држете ги овие нечистотии надвор од домот со тоа што ќе ги соблекувате чевлите пред врата. Подобро е да инвестирате во домашни влечки наместо да носите чевли по дома.

3. Отворете ги прозорците

Воздухот во затворените простории може да биде и до 5 пати позагаден од надворешниот, дури и во најзагадените градови. Отворањето на прозорците на неколку минути секој ден ќе ви помогне да го прочистите застојаниот воздух.

4. Користете помалку пластика

Пластиката е резултат на разни хемиски формули. Овие хемикалии навлегуваат во нивното опкружување – воздух, вода, прашина, дланки, храна… За некои од овие хемикалии постои сомнеж дека ја нарушуваат хормоналната рамнотежа, а ова може да резултира со здравствени проблеми. Најдобро е да користите садови направени од стакло или од метал секогаш кога можете.

5. Набавете подобра правосмукалка

HEPA (High-efficiency particulate air) правосмукалките со филтер можат да ги заробат и најмалите честички и да ви помогнат да се ослободите од алергените.

6. Проветрете ја облеката од хемиско чистење

Хемикалиите коишто се користат на хемиското чистење можат да останат на влакната на облеката. Поради ова веднаш штом ќе ја земете облеката од хемиско, поставете ја во друга просторија или надвор за да се проветри.

7. Направете ваше средство за чистење

Сигурно сте свесни дека средствата за чистење се полни со токсини. Но, природните средства можат да бидат навистина скапи. Благодарение на Интернетот, денес можете да најдете безброј рецепти за домашни средства за чистење кои ќе ве чинат многу малку.

8. Набавете микрофибер крпи

Овие крпи ја собираат нечистотијата и ја задржуваат на нив. Ова значи дека нема потреба многу често да користите хемиско средство за чистење. Набавете по една крпа за секоја просторија.

9. Живејте природно

Од ослободување од молци, до подобрување на мирисот во вашиот дом, не мора секогаш да се потпирате на хемиски средства. Истражете и ќе се изненадите кога ќе откриете дека има многу природни алтернативи за овие средства.

Погледнете и кои се непотребните предмети во вашиот дом што треба веднаш да ги исфрлите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар