8 знаци дека излегувате со мамин син

Дали мислите дека вашиот дечко е премногу поврзан со неговата мајка? Дали на моменти ви се чини дека излегувате со мајка му, а не со него? Дали ве споредува со неговата мајка? Факт е дека девојките не сакаат да излегуваат со мамини синчиња.

Мажите ги сакаат своите мајки и се приврзани за нив, тоа е природен тек на нештата. Неговата мајка е негова прва љубов, жената која го израснала и таа во неговите очи ќе остане совршен поим за жена. Прекрасно е тоа што тој ја почитува мајка си, што значи дека ги почитува жените, но, каде е границата помеѓу нормален и здрав однос меѓу него и неговата мајка, а кога веќе преминува во синдромот мамин син?

8 знаци дека излегувате со мамино синче

Доколку се сомневате дека тој е мамино синче, внимавајте на овие знаци.

1. Мајка му му кажува како да го живее животот

Во ред е да побара милење од неговата мајка, но не е во ред да не може да донесе никаква одлука без неа. Тој е веќе возрасен маж, а ѝ дозволува на мајка му да го контролира неговиот живот. Ако секогаш ја слуша мамичка и прави сè како што таа ќе му каже, ако и за најбаналните дилеми ѝ ѕвони да ја праша за совет, има голема веројатност дека излегувате со мамин син.

2. Неговата мајка се однесува кон него како кон мало дете

Сте виделе како мајка му му го сече стекот пред да јаде, или го брише околу устата? Иако е возрасен, неговата мајка се однесува кон него како да е мало дете, а што е најлошо тој не се буни и му одговара таквиот однос.

3. Ја откачил девојката која не ѝ се допаѓала на мајка му

Дали раскинал со последната девојка бидејќи неговата мајка не ја одобрувала нивната врска? Се однесува ли мајка му како тој да е „цвеќе за мирисање“ и ниедна девојка не е доволно добра за него? Голема е веројатноста дека ниедна девојка нема да биде доволно добра за нејзиниот син сè додека не посака да има внуци. Тешко е тој да најде девојка за себе. Мамичка премногу вложила во него и го гледа како нешто најскапоцено на светот. Разбирливо е што жените едноставно не ги исполнуваат бараните критериуми.

4. Сè уште живее дома

Возрасен е, зема добра плата, но никако не се одделува од гнездото. Дури мајка му му пере алишта, му ја чисти собата и му подготвува оброк за на работа.

5. Ја носи на вашите состаноци

Често се случува да ја викне мајка му со вас на ручек или во кино, дури и потсвесно без да размисли дека вас можеби тоа ви смета. За него е сосем нормално бидејќи не сака да се забавува без мајка си или пак да ја остави дома сама. Ако неретко во нејзино присуство се чувствувате како „непожелен додаток“, тогаш тој е нејзиното мамино синче.

8 знаци дека излегувате со мамино синче

6. Неговата мајка многу често ве советува

За вашата работа, облеката, животните избори… Неговата мајка си зема слобода да ви „соли памет“, а тој од страна гледа и кима бидејќи неговата мајка е совршена и добро е да ги послушате нејзините совети. Често ќе се замеша во вашиот избор на дестинација за одмор или пак „добронамерно“ ќе го искритикува јадењето што сте го подготвиле.

7. Ја бара мамичка секогаш кога има проблем

Секогаш кога не е по негово или кога се соочува со некој проблем ја бара мајка му и таа се појавува во рок од 3 минути да види кој е тој што се осмелил да го повреди нејзиниот син. Доколку тој се справува со проблеми на работното место, најверојатно неговата мајка ќе се појави на работа да му каже на неговиот колега да го остави нејзиното синче на мира.

8. Имате многу заеднички особини со неговата мајка

Мажите ги бараат карактеристиките на нивните мајки во девојките, без разлика дали физички или карактерни особини, и ова не е баш ретко. Многу често мажите бараат нивната жена да наликува на мајка им исто како што девојките ги бараат карактеристиките на нивните татковци во момчињата со кои излегуваат. Ова се случува често и сосем е разбирливо бидејќи врската со мајката или таткото е првата врска која ја имаат со некој од спротивниот пол и тоа наголемо дефинира како ќе се постават во љубовните врски во иднина.

Но, доколку имате многу физички и карактерни особини заеднички со неговата мајка, вие си имате работа со мами син. Дали кога ја запознавте мајка му ви се чинеше дека сте ја запознале постарата верзија од себеси? Можеби тој страда од Едиповиот комплекс па вие ќе имате тешка задача во натпреварувањето со неговата мајка која секогаш ќе има посебно место во неговото срце.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар