8 здравствени придобивки од чајот од хибискус

8 здравствени придобивки од чајот од хибискус

Чајот од хибискус е богат со антиоксиданси и се карактеризира со многу здравствени придобивки, особено во поглед на нормалното функционирање на срцето и црниот дроб. Во продолжение прочитајте за кои придобивки станува збор.

8 здравствени придобивки од чајот од хибискус

1. Полн со антиоксиданси

Антиоксидансите се молекули кои го штитат организмот од соединенијата наречени слободни радикали кои предизвикуваат оштетување на вашите клетки. Чајот од хибискус е богат со моќни антиоксиданси и затоа може да помогне да се спречат оштетувањата и болестите предизвикани од акумулацијата на слободните радикали.

2. Го намалува крвниот притисок

Една од најпознатите придобивки на чајот од хибискус е тоа што може да го намали крвниот притисок. Со текот на времето, високиот крвен притисок може дополнително да го оптовари срцето и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Неколку студии, од друга страна, покажале дека чајот од хибискус може значително да го намали крвниот притисок.

3. Може да ги намали маснотиите

Освен што го намалува крвниот притисок, некои студии покажале дека чајот од хибискус може да помогне во намалувањето на нивото на маснотии (лош холестерол и триглицериди) во крвта, кои се уште еден фактор на ризик за срцеви заболувања.

4. Може да го зајакне здравјето на црниот дроб

Од производство на протеини до разградување на мастите, црниот дроб е од суштинско значење за вашето целокупно здравје. Одредени истражувања покажале дека екстрактот од хибискус поволно влијае врз здравјето на црниот дроб и му помага да работи ефикасно. Така, едно истражување од 2014 година на 19 луѓе со прекумерна тежина покажало дека земањето екстракт од хибискус за 12 недели ја подобрува стеатозата на црниот дроб (акумулација на маснотии во црниот дроб). Сепак, сите овие студии ги проценувале ефектите на екстрактот од хибискус, наместо чајот од хибискус. Потребни се дополнителни истражувања за да се открие како чајот од хибискус влијае на здравјето на црниот дроб кај луѓето.

5. Може да придонесе за намалувањето на телесната тежина

Неколку студии откриле дека чајот од хибискус може да ја намали телесната тежина.

6. Содржи соединенија кои можат да помогнат во спречување на рак

Хибискусот е богат со полифеноли, соединенија кои поседуваат моќни антиканцерогени својства. Така, едно истражување открило дека екстрактот од листот на хибискус го спречува да се шири ракот на простата, а неговите компоненти, исто така, можат да го спречат растот на други видови клетки на рак, вклучувајќи рак на дојка, желудник и кожа.

7. Може да помогне во намалувањето на растот на бактериите

Бактериите се едноклеточни микроорганизми кои можат да предизвикаат различни инфекции, почнувајќи од бронхитис до пневмонија до инфекции на уринарниот тракт. Покрај тоа што има антиоксидантски и антиканцерогени својства, некои студии откриле дека хибискусот може да помогне и во заштитата од бактериски инфекции.

8. Вкусен и лесен за подготовка

Покрај многуте здравствени придобивки, чајот од хибискус е вкусен и лесен за подготовка. Додадете суви цветови од хибискус во чајник и прелијте ги со врела вода. Оставете го да отстои 5 минути, а потоа процедете го, засладете го по желба и уживајте.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од чајот од хибискус, можеби ќе сакате да прочитате и кои чаеви се одлични против настинка.

Извор: healthline.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар