8 навики на среќните луѓе за кои тие ретко зборуваат

8 навики на среќните луѓе за кои тие ретко зборуваат

Автор: Златко Ѓорѓијоски

Повеќето од нас сакаат да веруваат дека сме среќни, но длабоко во себе не секогаш се чувствуваме така. Кога ќе погледнете наоколу и ќе ги видите сите оние луѓе со кои имате израснато, а сега максимално грабаат од животот, додека вие сè уште работите работа којашто не ја сакате и секојдневно ја повторувате истата здодевна рутина, станува тешко да бидете благодарни за животот кој го имате. Па, во што е тајната на сите тие среќни луѓе? Што прават тие за да извлечат максимум од животот додека ние останатите дозволуваме тој само така да помине?

8-naviki-na-srekjnite-lugje-za-koi-tie-retko-zboruvaat-kafepauza.mk

1) Даруваат

Доколку се фокусирате само на парите, брзо ќе се претворите во несреќни битија. Истражувањата покажуваат дека штом стигнете до буџетот кој ги задоволува вашите потреби, постојат два начини на кои парите можат да ви помогнат. Првиот е да го подобрите вашиот социјален статус. Вториот е оној кој го практикуваат среќните луѓе – тие ги подаруваат парите. Правејќи го тоа, се чувствуваат исполнето и корисно. Задоволството е бесценето.

2) Не драматизираат

Размислувајќи за туѓите работи, може да се оттргнете од вашите предизвици и обврски. Гледајте си го само својот живот. Не обрнувајте внимание кој што кому рекол и направил. Помалку грижи и воедно, повеќе среќа.

3) Благодарни се

Наместо будни да сонувате или да гледате кои работи ги поседуваат другите, одвојте си неколку моменти во денот да се присетите на работите кои ги цените, поседувате и почитувате. Бидете благодарни за нив, некои дури и тоа го немаат.

4) Гледаат на светлата страна

Во тешките времиња и ситуации, останете со ладна глава. Не бидете како оние кои помислуваат на најлошото сценарио кога патеката ќе стане претесна. Напротив, насмејте се и погледнете ја светлата страна. После секој дожд доаѓа сонце.

5) Ги вреднуваат врските со другите

Ценете ги луѓето блиски до вас повеќе од работата и кариерата. На крајот од животот ќе ви останат повеќе сеќавања од заедничките моменти со семејството и времето поминато со пријателите отколку долгите и напорни денови поминати на работа.

6) Негуваат различни аспекти од својот живот

Освен кариерата, имајте и свое хоби и нешта кои ве исполнуваат. Ако нешто не ви тргне од рака, секогаш имајте план Б. Да речеме, ако се повредите и не можете да играте кошарка, секогаш со пријателите можете да отидете во кино. Ако планот да ја објавите книгата која сте ја напишале не успеал, тука е вашата кариера.

7) Не се фокусираат на материјалното

Новата облека или новиот телефон ќе ви го подобрат расположението, но не за долго. Работите кои ќе ги заслужите со повеќе пот, ќе ви останат повеќе во сеќавање заради сторијата како сте стигнале до нив, отколку кратката авантура наречена шопинг.

8) Ги следат своите страсти

Ако работата не ве прави среќни, бидете доволно храбри да го забележите и воочите тоа, и уште похрабри да преземете чекор да ја замените со нешто што ве исполнува. Точно е дека постои доза ризик во сево ова, но среќните луѓе не се плашат да го преземат. Работејќи го она што го сакате е скоро круцијален чекор до среќата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Јосиф Давидов Reply

    Убаво напишано, ама реалниот свет секогаш функционира поинаку од замисленото и личните желби, Големиот Бубо Каров од К-15 во еден негов скеч има кажано една многу голема животна вистина, “Лесно е да кажеш, амa ај да те видам направиго“ а поготово во нашава ни мила и драга Македонија тоа е тешко остварливо. Би го посочил осмиот пасус, ако не си се нашол во работата да ја смениш, кај нас во Македонија молиш бога да најдеш било каква работа за да не висиш на родителкиот врат, а не па и да бираш. Има една убава македонска поговорка, “Гладна кокoшка просо сонувала“

Остави коментар