8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумираме

Железото е минерал кој има голема важност за нашиот организам и затоа е неопходно да го консумираме секојдневно. Она што е најкарактеристично е тоа што нашите тела не можат сами да го создадат и токму поради тоа исхраната има пресудна улога. Во продолжение почитајте кои прехранбени производи се богат извор на железо и потрудете се што почесто да ги имате на вашето мени.

(0) 8-namirnici-bogati-so-zhelezo-koi-treba-sekojdnevno-da-gi-konsumirame-kafepauza.mk

1. Школки

Освен железо, школките содржат многу витамин Б, а малку калории. Ако ги сакате морските плодови, школките се одличен избор за вас. Почестете се со некој морски специјалитет со школки барем еднаш во неделата и направете чуда за вашето здравје.

2. Риба

8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумираме

Оваа поздрава верзија на месото го намалува ризикот од депресија и развивање срцеви болести, а притоа е богата и со железо. Нутриционистите и лекарите препорачуваат да се јаде риба секоја недела.

3. Мусли

8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумираме

Еве идеја за здрав појадок кој можете да го консумирате скоро секој ден. Немојте да додавате шеќер и наместо тоа одлучете се за суво овошје. Така ќе добиете вкусен и доволно благ оброк кој ќе ве засити и позитивно ќе делува на вашата здравствена состојба.

4. Семки од тиква

Тие можат да бидат добар избор за ужина бидејќи не само што се многу здрави, туку и содржат малку калории. Па, ако сте на диета или водите сметка за здравјето и здравата исхрана, грицкајте ги овие семки секојдневно.

5. Леќа

Леќата е многу практична за употреба и лесна за подготовка. Еден оброк кој содржи зрна леќа е доволен за да се задоволи дневната потреба од железо во крвта.

6. Грав

8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумираме

Покрај железото, гравот содржи и бројни витамини и минерали кои помагаат при варењето на храната и го забрзуваат метаболизмот.

7. Спанаќ

Салатата од свеж спанаќ може да биде одличен додаток на исхраната, бидејќи покрај тоа што претставува одличен извор на железо, тој исто така подобрува и целокупната работа на организмот.

8. Црно чоколадо

8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумираме

Можеби не е толку слатко и млечно како обичното чоколадо, но затоа црното е една здрава алтернатива за оние кои внимаваат на исхраната од кои било причини. Црното чоколадо не само што ќе ја задоволи потребата од шеќер во организмот, туку и ќе го обезбеди со доволна количина на железо.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар