8 креативни начини да ги прославите месечнините со партнерот

Кога сте во врска, станува навистина тешко мрзливоста да не ви стане навика. Добро се познавате со партнерот, знаете дека ќе ве сака без разлика низ што минувате, па нормално е да забавите со активностите откако ќе помине почетната еуфорија.

8 креативни начини да ги прославите месечните „годишнини“ со партнерот

Но, без разлика колку долго сте заедно не треба да заборавите да ги прославувате малите нешта. Веројатно ја помните првата годишнина, но дали сте ги прославувале месечнините? Нема потреба секоја прослава да ве чини. Постојат многу начини да прославите уште еден месец поминат заедно, а овие предлози ќе ви помогнат во тоа.

1. Уживајте во домашно подготвена вечера

8 креативни начини да ги прославите месечните „годишнини“ со партнерот

Можете да запалите неколку свеќи, да ги изгаснете светилките и заедно да направите вкусен оброк. Вечерта ќе биде романтична и нема да ве чини многу.

2. Одете на картинг

8 креативни начини да ги прославите месечните „годишнини“ со партнерот

Иако можеби ова ви звучи како детска активност, картингот е навистина забавен. Можете да се тркате со партнерот и едноставно да уживате во времето поминато заедно. Ова е навистина невообичаен состанок и ќе го разбуди вашиот натпреварувачки дух.

3. Одете негде на викенд

8 креативни начини да ги прославите месечните „годишнини“ со партнерот

Ако сепак сакате да потрошите некој денар повеќе, можете да одите на викенд надвор од градот. Не мора да отседнувате во луксузен хотел, но сигурно ќе ви биде забавно и ќе се зближите уште повеќе.

4. Заедно посетете некој час

8 креативни начини да ги прославите месечните „годишнини“ со партнерот

Ова може да биде сè – од часови по танцување, до часови по готвење. Направете нешто креативно и необично за да го прославите изминатиот месец. Никогаш нема да го заборавите овој состанок.

5. Одете на концерт на кој инаку не би отишле

8 креативни начини да ги прославите месечните „годишнини“ со партнерот

Ако немате навика заедно да одите на концерти, сега е одлично време да го направите тоа. Ќе излезете од вашата удобна зона и којзнае, можеби ќе го најдете вашиот нов омилен бенд.

6. Одете во продавница за возрасни

8 креативни начини да ги прославите месечните „годишнини“ со партнерот

Ако сакате да ги зачините нештата за оваа месечнина, нема ништо подобро од тоа да посетите секс-шоп со вашиот партнер. Нема потреба да потрошите многу пари, а сигурно ќе си заминете со ново задоволство.

7. Одете на сезонски состанок

8 креативни начини да ги прославите месечните „годишнини“ со партнерот

Во зависност од месецот, организирајте состанок според сезоната. Ако е зима, одете на лизгање или санкање. Ако е лето, одете на плажа. Сигурно ќе си поминете одлично.

8. Одете на дегустација на вино

8 креативни начини да ги прославите месечните „годишнини“ со партнерот

Ако сакате вино, или каков било алкохол, а живеете во близина на винарија, направете тура со дегустација. Ова е одличен начин да пробате нешто ново без да потрошите многу пари, а ќе се чувствувате одлично.

Постојат многу начини да ја прославите врската со партнерот. Нема потреба да станува збор за важна годишнина за да се забавувате. Излезете, поминете си убаво и славете ја вашата љубов.

Дознајте и како можете да му го разубавите денот на партнерот за помалку од една минута.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар