7 работи за љубовта кои секоја жена треба да ги разбере

7 работи за љубовта кои секоја жена треба да ги разбере

Сигурно сте плачеле и сте се радувале на многу љубовни сцени од филмовите. Но, ако сè што знаете за љубовта сте го научиле од романтичните филмови, време да се вратите на учење. Погледнете ги 7-те работи кои секоја жена мора да ги знае за љубовта.

7-raboti-za-ljubovta-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-razbere-kafepauza.mk

1. Безусловните врски не постојат

Ако имате дете тогаш ви е јасно што значи безусловна љубов. Вистината е дека можно е и вашиот партнер да го сакате безусловно, но безусловните врски не постојат. Тие се полни со „правила и очекувања“ и не треба да дозволите вашиот партнер да ве искористува и да не ги почитува вашите услови.

2. Љубовта не е доволна

Љубовта и врската не се синоними. Врските имаат потреба од компатибилност, заеднички интереси и заеднички цели. Без овие работи вашата врска веројатно ќе пропадне и покрај љубовта.

3. Прекумерното мислење не е секогаш лошо

Постои стереотип според кој жените се најсреќни кога не размислуваат многу за нивната врска. Но, да се биде паметен и аналитички настроен не треба да ве кочи. Колку повеќе анализирате, толку повеќе го разбирате вашиот партнер и вашата врска. Љубовните врски не се само за срцето, и вашиот ум треба да биде присутен.

4. Сомневајте се во него

Сигурно знаете дека секое раскинување ја тера жената да се прашува за нејзината вредност. Ако вашата самодоверба исчезнала поради последното раскинување, престанете. Пред да се сомневате во себе, сомневајте се во него. Во раскинувањето учествуваат двајца, не само вие.

5. Не е сè во изгледот

Секоја жена која смета дека изгледот им е најважното нешто на мажите, сигурно била „изгорена“. Иако физичката привлечност е важна, мажите не го бараат само тоа. Едно истражување покажало дека речиси половина од мажите ги забележуваат само забите на девојката, а речиси исто толку и нејзиниот начин на изразување.

6. Сè зависи од тоа колку давате

Животот е непредвидлив, но едно е сигурно: Што повеќе љубите, толку повеќе сте љубени. Практикувајте ја љубовта во секој аспект од вашиот живот – во љубовни врски, добротворни цели и слично.

7. Сè започнува со вас

Неколку неуспешни врски сигурно ќе ви покажат дека не можете да сакате некој друг сè додека не се сакате самите. Ако научете да си простите, да ги прифатите вашите недостатоци и да се гордеете со вашите достигнување, ќе можете да го правите истото и за другите.

Пголеднете ги и грешките кои ги прават жените во љубовните врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар