7 работи на кои треба да се сетите кога мислите дека не сте доволно добри

7 работи на кои треба да се сетите кога мислите дека не сте доволно добри

Живееме во општество кое нагодува одредени норми и начин на живеење. Како да се однесуваме, колку би требало да заработуваме, на која возраст е соодветно да започнеме да градиме семејство… Сите овие правила предизвикуваат голем број од луѓето да се чувствуваат како да не припаѓаат во средината од која се дел, се наоѓаат надвор од признаените граници на прифатливото, постојано споредувајќи се со оние кои се внатре во нив. Тоа прави да се чувствуваме лошо во врска со себе, да посветуваме внимание само на нашите недостатоци, кои забораваме дека се релативна работа, па ги минимизираме сите убави и уникатни особини кои ги поседуваме.

(1)-7-raboti-na-koi-treba-da-se-setite-koga-mislite-deka-ne-ste-dovolno-dobri-kafepauza.mk

1. Луѓето со кои се споредувате исто така се споредуваат со други луѓе

Секој се споредува со некој друг на еден или друг начин. И тоа за најразлични работи почнувајќи од најбаналните – физичкиот изглед, до оние малку поделикатните – карактерните особини. Но колку и да се чини дека другата личност има многу повеќе од вас, навистина не мора да значи дека тоа е така. Очите знаат да лажат и она што нам ни изгледа како реалност, може да е само рефлексија на некои моментални случувања. Никој не е ниту премногу добар ниту најпаметен, а уште помалку најубав. Сите сме човечки суштества со свои доблести и мани и како такви сме совршено несовршени во секоја смисла на зборот.

2. Умот може да биде многу вешт измамник

Не може да верувате во сѐ што ќе помислите. Мислите знаат така вешто и брзо да нè излажат, што многу лесно можеме да поверуваме во работите кои поминуваат низ нашиот ум. Но како што ништо не е така како што изгледа, така и за нашите размислувања не мора да значи дека се точни. Наместо да решиме да веруваме во негативните и обесхрабрувачки мисли, на кои непотребно им доделуваме преголемо значење, нели би било поубаво да размислуваме позитивно и да се цениме малку повеќе?

3. Кај вас има многу повеќе добри отколку лоши работи

Почесто човекот има тенденција да ги согледува мааните кај себе, додека позитивните работи ги остава на страна. А тоа не само што влијае на нашето моментално расположение и начинот на кој се замислуваме, туку делува и на подолг план. Ова резултира во тоа повеќе да се критикуваме себеси и споредувајќи се со други секогаш да сме полоши, наместо да се цениме какви што сме и постојано да се надградуваме. Вистината е дека има многу повеќе убави работи кај нас отколку лоши. А за жал, уште поголема вистина е дека другите луѓе ги согледуваат тие убави нешта кај нас многу порано отколку самите ние. Толку убави особини поседуваме, што е штета да го губиме времето мислејќи само на нашите маани.

4. Љубовта ви е најпотребна токму кога мислите дека најмалку ја заслужувате

Истражувањата покажуваат дека луѓето најтешко прифаќаат љубов и разбирање кога се лути, засрамени, депресивни или кога мислат дека не го заслужуваат тоа. Но наспроти моменталните чувства кои ги имаме и колку и да сме погрешиле, љубовта и негата од некој наш близок се двете работи кои ни се неопходни во тие моменти. Колку и да сметаме дека не заслужуваме некој така да се однесува со нас, потребни ни се разбирање и поддршка за да бидеме подобро.

5. Потребно е целосно да ја прифатите сегашноста за да успеете да посегнете по она што допрва треба да дојде

Заглавување во минатото и нешто што било е главниот виновник поради кој не можеме да ја прифатиме ситуацијата во која сега сме, поточно да не ја цениме сегашноста и личноста, која сакале или не, веќе сме станале. А како тогаш би можеле да продолжиме понатаму и да направиме нешто повеќе? Како можеме да очекуваме дека сме подготвени за нешто повеќе, ако сѐ уште не сме помирени со тоа што веќе сме? Сите прават грешки и никој не водел безгрешен живот, ниту, пак, ќе води. Прифаќајќи сѐ себеси и стоејќи цврсто и свесно зад сѐ што ни се случило е единствениот начин да одиме понатаму и да бидеме задоволни со тоа.

6. Фокусирајте се на напредокот наместо на совршенството и на тоа колку многу сте постигнале наместо уште колку имате пред себе

Голема маана на човекот денес се постојаната ненаситност и посегнувањето по што повеќе и повеќе. Ретко се среќава човек кој е задоволен со тоа што го има и со тоа што го постигнал, а многу почесто некој што сака уште многу дури и не согледувајќи колку далеку веќе дотуркал. А кога не сме свесни колку многу навистина сме направиле, како може да знаеме дека сме многу повеќе од тоа што мислиме? Осврнувајќи се на тоа што сѐ уште чека на нас, а ретко зависи единствено од нас, одбиваме потсвесно да видиме кои сме и што сме, па мислиме дека сѐ уште не е доволно.

7. Мразејќи се себеси нема да се натерате да се засакате

Критиката е убава работа, но само во дозволените граници. Сè што е претерано не чини, па така ни постојаната самокритика. Сѐ додека овие работи влијаат позитивно на нас така што се подобруваме и надградуваме како личности истакнувајќи што не чини, тогаш е во ред. Така полека стануваме личност која ни се допаѓа и која ја сакаме. Но факт е дека е многу поверојатно на овој начин да станеме личност незадоволна со себе и тоа што е, па постојано да бараме маани и недостатоци. Секогаш можеме да бидеме подобри, но не постои само еден начин да го постигнеме тоа.

Секој е успешен на свој начин, во една или друга работа и секој се одликува со различни особини кои го прават да биде личноста што е. Па наместо да се осудуваме и да мислиме дека не сме доволно добри, би било убаво кога би нашле начин барем еднаш дневно да се потсетиме себеси на убавите и добри работи кај нас. Зборовите треба и мора се однесуваат различно на сите, бидејќи секој функционира на свој начин, а она што е прифатливо за други, не мора да значи дека е прифатливо за вас. Секако дека сѐ си има свои граници, но како е можно истите работи да важат за сите луѓе кога сите луѓе се различни?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар