7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги прават

7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги прават

Професионалните шминкери можат да ни дадат најдобри совети околу тоа како правилно да се шминкаме, но и како правилно да ја чуваме сета козметика. Треба особено да внимаваме кога се во прашање шминките и нивната правилна употреба, затоа што тие директно доаѓаат во контакт со нашата кожа, очите и усните и можат да предизвикаат одредени алергии и нарушување на нашето здравје, но и изглед.

1. Тие никогаш не ги чуваат шминките во бања

(1) 7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги прават

Ова правило има смисла, затоа што бањата можеби е најлошото место за чување на вашата шминка. Постојаната влага од тушот навлегува во козметиката и ја разорува нејзината формула. Исто така, таа е добра основа за развој на бактерии. Затоа, доколку ја чувате шминката во бањата, преместете ја на некое суво и темно место во вашата спална соба, во некој шкаф или фиока.

2. Не нанесуваат течна пудра на дланката при избор на нијанса

(2) 7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги прават

Ова е една грешка што ја прават поголемиот дел од жените. Дланката не може да биде вистинската подлога при изборот на најсоодветната пудра за тенот на вашето лице, затоа што дланките се за една до две нијанси потемни од вашето лице. За да изберете најдобра нијанса, нанесете од течната пудра во делот на вашата брада. Така ќе ја пронајдете најидеалната нијанса за вашето лице и за вашиот врат.

3. Никогаш не користат само еден коректор

(3) 7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги прават

Професионалните шминкери користат најмалку два коректори – еден за делот под очите и останатиот за другите делови по лицето. За делот под очите, потребен ви е коректор кој е за една до две нијанси посветол од вашата кожа, за да ги покрие и темните подочници. За останатиот дел, би требало да изберете коректор во речиси идентична нијанса како и кожата на лицето за да ги покрие дамките и несаканите акни, а притоа да не изгледа многу нападно.

4. Никогаш не користат многу пудра за лице

(4) 7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги прават

Доколку пудрата во прав се користи на правилен начин, таа знае да внесе магија во шминката и вашето лице да го направи беспрекорно кристално и чисто. Оваа пудра ја фиксира шминката и таа трае подолго. Пудрата дава еден мат изглед на лицето и ги покрива мрсните делови, кои сјаат и не изгледаат баш уредно. Но, доколку се претера со нејзиното нанесување може да има сосема спротивен ефект. Премногу пудра може да ги нагласи вашите брчки и да ви даде многу постар изглед. Затоа, нанесувајте ја сосема умерено и тоа најчесто во делот на челото, носот и брадата.

5. Користат многу малку руменило за образи

(5)7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги прават

Професионалните шминкери нанесуваат руменило само со еден до два потега во делот околу јаболкниците. Секое претерување со руменилото може да доведе до неприроден изглед и да ја уништи шминката и трудот што претходно сте го вложиле.

6. Користат многу малку туш и моливче за очи

(6) 7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги прават

Тие знаат дека дискретно нанесените туш или моливче за очи, кои следат една убава линија, можат да направат вашите очи да изгледаат поголеми и посјајни. Доколку ги комбинирате со вистинските нијанси на сенки за очи, тогаш ќе добиете прекрасен изглед.

7. Не користат водоотпорна маскара секој ден

(7) 7 работи кои професионалните шминкери никогаш не ги прават

Секојдневното користење на водоотпорна маскара може да ги оштети вашите трепки, да ги направи кршливи и оштетени. Затоа користете ваков вид маскара само во одредени прилики, кога знаете дека би биле во допир со вода, кога надвор е врнежливо или во ситуации кога повеќе би сте се потеле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар