7 работи кои ги прават луѓето кои ја маскираат својата депресија

7 работи кои ги прават луѓето кои ја маскираат својата депресија

Во последно време расте свесноста за депресијата, па луѓето можат да препознаат некој што е депресивен. Таа личност на прв поглед делува повлечено, често плаче и е обземена со тага. Ова се знаци на депресија, но познавајќи ги само нив не можете да речете дека може лесно да препознаете и човек кој ја крие депресијата.

Не секој ги покажува лесно видливите знаци кога страда од ова нарушување. Некои луѓе ја кријат депресијата така што ги кријат и знаците. Ја ставаат својата маска на среќни луѓе и успеваат да ве измамат дека во нивниот живот сè оди како што треба. Додека вие мислите дека тоа навистина е така, тие плачат во себе, но не сакаат да го покажат тоа. Целта не им е секогаш да се скријат, понекогаш ниту тие самите не можат да сфатат дека проблемите ги мачат во мера во која не можат да се справат со нив. Тоа истото може да ви се случува и вам во моментов, може и на некој друг ваш близок. Таквата состојба ќе ја препознаете по овие знаци.

7 работи кои ги прават луѓето кои ја маскираат својата депресија

1. Не мора да изгледаат „депресивно“

Однесувањето како и секој друг тажен човек не е единствениот начин на кој може еден депресивен човек да се однесува. Ќе ги видите како се шегуваат со други луѓе, како ви делуваат расположено, но под површината кријат голема тага. За жал нема начин како да забележите дека еден расположен човек всушност е депресивен. Ако таквото расположение го доведете во корелација со некој од следните знаци, може да ви биде полесно, но најважно е да запомните дека и оние што изгледаат среќно може да бидат депресивни.

2. Често се жалат дека се уморни

Уморот и истоштеноста се симптоми на депресија, но тие се јавуваат и од други причини и затоа луѓето често пати ги игнорираат. Но ако се жалат на постојан замор дури и кога добро ќе се наспијат, тоа може да биде знак за предупредување. Ќе мислат дека се работи за нивната мрзливост, некаква алергија или настинка, но можно е депресијата подмолно да ги обзема без тие да се свесни за тоа.

3. Лесно се лутат и избувнуваат

Ако вообичаено не се такви, а сега одеднаш се лутат и избувнуваат за сешто, повторно постои веројатност да се работи за скриена депресија. Ним им е тешко во животот, имаат проблеми кои ги тиштат и затоа избувнуваат. Стереотипот вели дека депресивните луѓе се апатични, но тие исто така се и гневни и избувливи.

4. Не реагираат на вашата љубов и грижа

Не дека не сакаат или сакаат да се скријат, туку проблемот е во тоа што депресијата оневозможува соодветно да се одговори на овие работи. Депресивните луѓе често пати не чувствуваат ниту тага, туку едноставно не чувствуваат ништо. Рамнодушни се кон сè. Дури и ќе избувнат ако вие повеќе се загрижите за нив.

5. Ги избегнуваат работите кои им причинувале задоволство

Депресијата не им овозможува да чувствуваат задоволство од она што го прават и затоа тие почнуваат со тек на време да ги избегнуваат тие работи. Друг проблем за нив е што ова нарушување исцрпува и ментално и физички. Доколку нема друга скриена причина поради која некој ваш близок го прави ова, тогаш имате причина да бидете загрижени.

6. Нарушен им е апетитот

Тој може да се наруши така што тие јадат премногу или премалку. Депресијата често пати го убива апетитот и затоа јадат многу малку, но можно е и недостатокот на задоволство да го бараат во храната. Поради тоа што не можат лесно да стигнат до задоволство, јадат сè повеќе и повеќе.

7. Имаат добри и лоши денови

Сите имаме добри и лоши денови, но нивните се менуваат без некоја особена причина, ако не се смета начинот на кој делува депресијата. Ако по неколку тажни денови пак ги видите расположени, а потоа пак манифестираат некој од претходните знаци, тогаш повторно се работи за скриена депресија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар