7 причини зошто секое утро да пиете сок од моркови

Во морето „модерни“ прехранбени продукти и додатоци во исхраната, забораваме на најосновната храна што би требало да ја имаме дома. Една од овие намирници е и морковот. Погледнете кое е неговото позитивно влијание на нашето здравје и тело.

7 причини зошто секое утро да пиете сок од моркови

1. Го зајакнува имунитетот

Ова е особено важно во сезоната на вируси. Покрај здравата исхрана, спиењето и физичката активност, добро е да пиете и по една чаша сок од моркови на ден во кој има многу витамин Ц.

2. Го подобрува видот

Речиси сите знаат дека ова е вистина. Витаминот А што се наоѓа во морковот не само што е моќен антиоксиданс, туку е и важен за нашите очи. Недостатокот од овој витамин може да предизвика ноќно слепило.

3. Помага да не консумирате нездрава храна

Кога ви се јаде нешто (најчесто од здодевност), често барате слатки или чипс. Но ако наместо тоа се напиете сок од моркови, ќе се чувствувате сити, и тоа подолго време. Во една чаша сок има повеќе од 2 грама протеини и хранливи влакна, така што ова е одлична ужина.

4. Ја подобрува состојбата на кожата

Благодарение на витамините А и Ц, кожата брзо зараснува, лачи повеќе колаген, а нејзините клетки стануваат поздрави.

5. Помага во контрола на крвниот притисок

Ако имате проблеми со висок притисок, сокот од морков сигурно ќе ви помогне. Калиумот го намалува негативниот ефект на солта и го држи притисокот под контрола. Исто така калиумот е добар и за вашето срце.

6. Помага при проблеми со стомакот

Сокот од моркови ги намалува гасовите во стомакот и го поттикнува варењето на храната.

7. Го намалува холестеролот

Покрај притисокот, сокот од морков го контролира и холестеролот. Ова е одлично за здравјето на целото тело.

Во сокот можете да додадете житарици и така да направите цел оброк за многу кратко време. Доколку пак, не ви се допаѓа сокот од морков, можете да го консумирате и како цел плод.

Погледнете и кои видови „лоша“ храна се всушност добри за вас.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар