7 прехранбени производи кои никогаш не треба да ги чувате во фрижидер

7 прехранбени производи кои никогаш не треба да ги чувате во фрижидер

Производите како месо или јајца секогаш мора да ги чуваме во фрижидер, но ниските температури на некои други производи можат само да им нанесат штета. Погледнете кои работи не треба да ги ставате фрижидер иако досега веројатно сте ги чувале таму…

7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоа

1. Мед

Чувајте го добро затворен на суво место. Најдобрата температура за медот е помеѓу 17 и 19 степени Целзиусови, но нема да се расипе и доколку температурата е пониска или повисока од препорачаната. Добриот мед со текот на времето ќе се кристализира, а фрижидерот го забрзува тој процес.

7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоа

2. Кафе

Можеби до сега сте чуле од некој дека кафето треба да го чувате во фрижидер, но ако сакате да го зачувате неговиот вкус најдобро е да го чувате на собна температура, на суво и темно место. Големата количина на влага што ја има во фрижидерот не му одговара на кафето.

7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоа

3. Леб

Многумина мислат дека ќе ја зачуваат свежината на лебот доколку го чуваат во фрижидер, но тој на ниски температури го губи вкусот и станува бајат.

7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоа

4. Тропско овошје

Банани, авокадо, ананас, киви, папаја, манго… Немојте да го чувате тропското овошје во фрижидер бидејќи ниските температури не му одговараат. Тоа природно расте на високи температури. Поради тоа чувајте го на собна температура бидејќи таа ќе му овозможи да продолжи да зрее, а фрижидерот ќе го спречи зреењето.

7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоа

5. Диња и лубеница

Ако ги чувате дињата и лубеницата во фрижидер, тоа ќе има негативно влијание на нивниот вкус и ќе ги уништи корисните антиоксиданси кои ги содржат.

7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоа

6. Кромид и лук

На овие два производа не им одговара средината во фрижидерот бидејќи кога се изложени на влага тие стануваат меки и гумени и почнуваат да се сплескуваат. Многумина половините неискористен кромид и лук по навика ги ставаат во фрижидер, но подобро е да ги ставите на суво и темно место.

7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоа

7. Пиперка и домат

Како и многу други видови зеленчук, двата омилени производи кои обожаваме да ги ставаме во салати, престануваат да дозреваат кога ќе ги ставите во фрижидер. Собната температура е вистинската температура за нив.

7 прехранбени производи кои не треба да ги чувате во фрижидер иако до сега сте го правеле тоа


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар