7 основни правила за кавга со жена

7 основни правила за кавга со жена

Колку пати сте пробале да излезете како победник од кавгата со вашата девојка или сопруга? Колку пати сте се почувствувале виновен дури и кога не сте? Од сложениот систем наречен „женски мозок“, не знаете кога ќе произлезе некоја кавга. Сите вие што сте од Марс, имајте ги предвид овие 7 основни правила за кавга со оние од Венера. 🙂

1. Не трудете се да ја надзборувате – Едноставно нема да ви успее. Таа ќе има противаргумент на секој ваш аргумент и има капацитет да зборува повеќе, побрзо и погласно од вас.

7 основни правила за кавга со жена

2. Согласете се со неа – Жената, како и купувачот, е секогаш во право. Секој ваш обид да го докажете спротивното би било залудно губење време.

3. Не исчезнувајте – Не обидувајте се да избегате. Ако си заминете сред кавга, додека таа зборува, црно ви се пишува кога нареден пат ќе се појавите.

4. Читајте меѓу редови – Никогаш не сфаќајте ја буквално. Ние жените зборуваме со шифри и кодови. Ако ви рече дека е во ред, не е, ако рече дека ѝ е сеедно, во никој случај не е така, а ако ви рече слободно да правите што сакате, немој ни да сте помислиле да направите нешто по сопствен избор.

5. Нејзините непријатели се и ваши непријатели – Мил ви е животот? Тогаш не трудете се да ги одбраните фризерката со која имала кавга или месарот кој ја изнервирал.

6. Внимавајте на забранетите изрази – Не трудете се да ѝ го одвлечете вниманието со спомнување на домашните обврски кои треба да ги изврши, да ја „презакажете“ кавгата бидејќи почнува фудбал, да свртите на шега кажувајќи виц, да правите гласни претпоставки дека е нервозна бидејќи дошол тој период од месецот, или да пробате започнување муабет кој според вас би водел до секс. Секако, никогаш не ѝ предлагајте да „олади“ и да се смири, бидејќи ефектот обично е спротивен.

7. Помирете се со фактот дека никогаш нема да го имате последниот збор – Жената ќе ја започне кавгата и ќе ја заврши кога сака. После секој ваш „последен“ збор, ќе следува уште еден нејзин. Колку побрзо го сфатите тоа, толку подобро за вас.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар