7 опасни знаци за блокирани артерии што често ги игнорираме

Многу луѓе погрешно веруваат дека блокираните артерии се проблем на постарите личности. Но ова може да се случи и во вашите 20-ти. Поради тоа многу луѓе кои се соочени со овој проблем не знаат што им се случува и не реагираат додека не биде предоцна. Поради тоа, важно е да ги знаете знаците кои укажуваат на блокирани артерии со цел да избегнете посериозен проблем.

1. Болки во листовите, колковите или бутовите

7 опасни знаци за блокирани артерии што често ги игнорираме

Болката во нозете за време на активности како пешачењето може да е знак на блокирани артерии. Ова значи дека вашите екстремитети не добиваат доволно крв. Симптомите можат да вклучуваат болки и грчеви во нозете или рацете. Локацијата на болката зависи од тоа каде се наоѓа блокадата или стеснетата артерија.

2. Болка во градите

7 опасни знаци за блокирани артерии што често ги игнорираме

Болката во градите е резултат на намален доток на крв до срцето. Може да ја чувствувате како затегнување, трпнење, притисок или горење. Луѓето обично не го чувствуваат овој симптом кога одмараат бидејќи се активира за време на физичка активност или емоционална преоптовареност. Понекогаш блокадите можат да бидат толку лоши што болката може да ѝ сигнализира на личноста дека има инфаркт.

3. Привремено губење на видот на едната страна

7 опасни знаци за блокирани артерии што често ги игнорираме

Каротидните артерии ги снабдуваат очите и мозокот со крв. Доколку се блокираат, резултатот е привремено губење на видот или замаглен вид на истата страна. Целосната блокада може да предизвика мозочен удар.

4. Болки во долниот дел од грбот

7 опасни знаци за блокирани артерии што често ги игнорираме

Болката во долниот дел од грбот е сериозен знак што не смеете да го игнорирате. Кога дотокот на крв во овој дел од телото е намален, пршлените стануваат кршливи. Ова води до болни и приклештени нерви. Најчесто ова е првиот симптом за блокирани артерии. Според едно истражување, 10% од луѓето во развиените земји веќе имаат зголемен ризик од оваа појава до нивната 20-та година.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар