7 навики кои ќе ја уништат вашата врска

7 навики кои ќе ја уништат вашата врска

Врските не се лесни како што некогаш ни изгледаат отстрана кога ги набљудуваме паровите. Постојат многу работи што се случуваат во животот кои можат да ги разделат дури и најцврсто поврзаните партнери.

7 навики кои ќе ја уништат вашата врска

Во продолжение ќе видите листа на работи кои можат да ја уништат врската. Овие навики можат да ги разделат новите парови, но и оние кои се заедно со години. За една врска да успее мора да бидете подготвени да дадете исто колку што и ќе земате. Доколку некој не вложува доволно труд во врската, кога-тогаш ќе ѝ дојде крајот. Една личност може да истрпи многу, сè додека тоа не стане „премногу“.

1. Се однесувате премногу критично кон вашиот партнер

Доколку никогаш немате ништо љубезно да му кажете на вашиот партнер, тој или таа ќе се чувствува повредено. Без разлика дали ќе ви го стави ова до знаење или не, вие со таквото однесување ќе му/ѝ ја срушите самодовербата. Ова е нешто кое ќе создаде оддалеченост помеѓу вас.

2. Постојано сте негативни

Ако сте постојано негативни, врската нема да успее. Во една врска, доколку околината е премногу негативна, таа преминува во токсична. А, никој не сака да биде во токсична врска.

3. Не раководите правилно со парите

Доколку сте лоши во менаџирање со парите, ова може да предизвика сериозни проблеми. При делење на сметките не треба едниот партнер цело време да ја дополнува разликата. Ваквите врски не траат долго.

4. Премногу сте мрзливи во врската

Доколку сте мрзливи и одбивате да му помогнете на вашиот партнер околу домашните обврски, тоа може да биде проблем. Немојте да сфатите погрешно, доколку сте единствената личност која работи, секако не би требало да ги извршувате сите домашни обврски, но нема ни да е крај на светот доколку го фрлите ѓубрето. Во врската сè треба да е еднакво.

5. Го игнорирате вашиот партнер кога сте му потребни

Доколку сте една од оние личности кои го избегнуваат партерот кога е лут, тогаш ќе бидете многу осамена личност. Во животот мора да научите да ги решавате проблемите. Нивното игнорирање само ќе ја влоши состојбата уште повеќе.

6. Ги ставате вашите желби пред оние на партнерот (кога станува збор за значајни работи)

Доколку ги ставате работите кои ги сакате пред потребите на вашиот партнер тогаш вие сте себична личност. И двајцата треба да ги исполнувате вашите потреби и желби, но во разумни граници. Така, не мора да го ставите во прв план она што вие го сакате, а не ви е многу важно наспроти некоја значајна потреба на партнерот.

7. Премногу сте отворени за вашите проблеми

Доколку постојано им ги кажувате проблемите во вашата врска на пријателите, тогаш вие го изневерувате партнерот. Не сфаќајте погрешно, доколку сте малтретирани, зборувајте, но ако само се жалите – престанете! Секогаш постојат 3 страни на секоја приказна: вашата, туѓата и вистината.

Прочитајте ги и овие 5 знаци кои покажуваат дека вие сте проблемот во врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар