7 начини како да го искористите преостанатото вино

Отворивте шише скапоцен пијалак и испивте малку, па се прашувате како да го искористите преостанатото вино? Не заборавајте дека секоја капка од овој божествен пијалак можете да ја искористите паметно, а во продолжение прочитајте ги овие 7 одлични предлози за тоа.

7 начини како да го искористите преостанатото вино

1. Направете или подобрете го вкусот на сосот за скара. Ако планирате да готвите месо на скара во следните неколку дена, сосот за скара со црвено вино е одличен додаток.

2. Виното е одлично за рехидрирање на сувото овошје. Потопете го сувото грозје или другото сушено овошје во преостанатото вино и ќе добие посилна арома. Сочното овошје можете да го додадете во сè, од салати до комбинации со сирење.

3. Направете вкусен „пијан“ џем. Дел од алкохолот ќе испари за време на готвењето, но не им давајте на децата од џемот.

4. Преостанатото вино можете да го искористите и за варење месо. Алкохолот ќе го направи месото меко и сочно.

5. Ако имате поголема количина вино, најдобро е да го искористите за да подготвите освежителна сангрија.

6. Турете го виното во калап за мраз и направете ароматични коцки. Додајте ги во чаша свеж овошен сок и послужете ги гостите со лесен летен пијалак.

7. Дали ви треба десерт, а немате ништо благо во куќата? Направете гранита од вино, вода, овошно пире и шеќер. Овој леден десерт што доаѓа од Италија е многу лесен за правење, а можете да го јадете наместо сладолед затоа што е многу вкусен.

Погледнете ги овие 10 кулинарски трикови што ќе го спасат секое јадење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар