7 начини да се ослободите од брчките

7 начини да се ослободите од брчките

Како што старееме брчките сè повеќе се истакнуваат. Иако тие се нормален дел од стареењето, сепак има начин да се справите со нив. Погледнете ги овие методи кои ќе ви помогнат побавно да стареете.

1. Ставете перници под вашите раце пред спиење

Ова ќе ви помогне да ги избегнете брчките на вашите гради. Најтешкиот дел од ова е да се навикнете да спиете на грб, но за само неколку недели ќе ги забележите резултатите. Истражувањата покажале дека оваа положба е најдобра за спиење. Покрај тоа, ќе се ослободите од болките во грбот.

2. Поставете некои работи околу вас

Можеби звучи чудно, но ова е навистина ефективно кога станува збор за спречување на брчките. Ние многупати ја променуваме положбата во текот на спиењето. Некои од овие положби не се баш удобни, па на овој начин се појавуваат брчки. Обидете се да ставите што било околу вас: крпи, книги или нешто што не е кршливо.

3. Ставете перница под вашите колена

Различната висина помеѓу нозете и телото ја подобрува циркулацијата на крвта. Ова ќе ви помогне и со брчките и со болките во колената, а тоа е добро за луѓето кои пешачат многу.

4. Ставете крпа под вашата глава

И вашата глава треба да биде удобно наместена. Најдобро е да спиете на ортопедска перница, но ако немате таква, можете да користете и крпа или пешкир во ролна.

5. Одберете го правилниот душек

Мекиот душек можеби е удобен, но научниците многупати докажале дека тврдите душеци се најдобри за вашиот грб, за циркулацијата на крвта и за превенцијата на брчките.

6. Одберете правилна долна облека

Малку жени знаат дека речиси секоја продавница нуди градници против брчки. Тие изгледаат исто како и спортските само што се направени од мек памук и се поудобни. Овие градници можеби не можете да ги носите секој ден, но се добри за спиење.

7. Хидратацијата на кожата е секогаш важно

Толку е едноставно. Нека ви стане навика да ставате хидратантен крем на проблематичните места секое утро и секоја вечер. Докажано е дека во 90% од случаите брчките се појавуваат поради недостиг на влажност.

Погледнете ги и 7-те начини на кои си предизвикувате брчки без да знаете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар