7 лекции од Сократ што ќе ве натераат на размислување и ќе ви го подобрат животот

7 лекции од Сократ што ќе ве натераат на размислување и ќе ви го подобрат животот

Сократ бил грчки филозоф кој ги поставил основите на целата западна филозофија. Неговото критичко размислување и животни погледи претставуваат инспирација за многумина. Иако знаеме многу малку работи за неговиот приватен живот, јасно е дека неговата филозофија била многу уникатна и моќна. Денес живееме во свет кој е поинаков од оној каде што живеел Сократ, но тоа не значи дека не можеме да ги примениме неговите мудри совети. Прочитајте ги следниве 7 лекции од Сократ што ќе ве замислат и ќе ви помогнат да имате помирен и посреќен живот…

7 лекции од Сократ што ќе ве натераат на размислување и ќе ви го подобрат животот

1. Единствената вистинска мудрост е сознанието дека не знаете ништо

Нема да можете да научите ништо доколку мислите дека знаете сѐ и се сметате себеси за експерти. Ако сметате дека повеќе немате што да научите, тогаш навистина нема да научите ништо. Бидете отворени и сфатете дека можно е да грешите. Освен тоа, без разлика колку многу работи знаете, постојат уште бесконечно многу нешта за кои не знаете ништо. Ќе сретнете различни луѓе во животот со различни искуства и познавања и треба да бидете љубопитни да ги запознаете и да научите нешто од нив.

2. Силните умови разговараат за идеи, просечните умови разговараат за настани, а слабите умови разговараат за луѓе

Озборувањата и празните муабети не се продуктивни и нема да ве одведат никаде. Силните умови дискутираат за идеи кои можат да им помогнат да постигнат личен напредок. За жал, денешните генерации се позаинтересирани да дознаат што јадат и како се облекуваат познатите личности отколку за идеите кои би можеле да го сменат светот на подобро.

3. Луѓето кои не се задоволни со она што го имаат, никогаш нема да бидат задоволни ниту со она што би сакале да го имаат

Некои луѓе се ненаситни и постојано бараат уште и уште. Кога станува збор за неконтролирана желба, тоа се нарекува алчност. Од друга страна, пак, ако можете да бидете задоволни со тоа што го имате, можеби би било подобро да имате повеќе, но не мора да значи. Луѓето кои постојано сакаат повеќе наместо да бидат благодарни за она што го имаат, никогаш нема да бидат среќни дури и ако го добијат тоа што го посакувале. Мора да го цениме она што го имаме, да уживаме и да бидеме среќни со нашиот живот. Само така универзумот ќе нѐ награди.

7 лекции од Сократ што ќе ве натераат на размислување и ќе ви го подобрат животот

4. Познавајте се себеси

Еден од начините на коишто можете да се запознаете себеси е да ги разберете вашите верувања. Нашите верувања се потсвесни и ретко кога се обидуваме критички да ги испитаме пред да ги прифатиме. Поради тоа, одбиваме да ги слушаме мислењата што не се согласуваат со нашите верувања. Но, како да знаете дали вашиот систем на верувања ги создава проблемите? Најдобро е да се набљудувате себеси и вашето однесување. Не можете да ја обвинувате телевизијата, професорите, родителите и пријателите за верувањата што ги имате. Воопшто не е важно кој е виновен за нив, најважно е да дознаете како да се ослободите од нив доколку сакате.

Врските и напорните распореди не се секогаш дел од проблемот, но доколку проблемите со коишто се соочувате најчесто потекнуваат токму од нив, тогаш треба да го прифатите и да го поправите вашиот систем на верувања. Треба внимателно да ги набљудувате вашите емоции и мисли и да се ослободите од верувањата кои сметате дека ви стојат на патот. Одговорите на вашите прашања се кријат во вас самите.

5. Војните, револуциите и битките произлегуваат од телесните желби

Сите војни започнале поради потрагата по богатство, а причината зошто сакаме да имаме богатство потекнува од телото. Сите ние сме слуги на нашите тела. Желбата на луѓето да пронајдат богатство е коренот на сето зло што го гледаме во светот. Минливите материјални нешта ги поттикнале луѓето да предизвикаат ужасни крвопролевања. Луѓето кои можат да ги надминат нивните телесни потреби и целосно да се прифатат себеси, нема да копнеат по војни и богатство, туку ќе живеат мирно и ќе постигнат личен напредок.

6. Внимавајте што посакувате

Можеби мислите дека знаете што е најдобро за вас и постојано го посакувате тоа, но дали знаете што навистина се крие зад вашата желба? Постои една позната изрека што гласи „Внимавајте што посакувате, бидејќи можеби токму тоа ќе го добиете“. Најдобро е да не посакувате ништо за себе, туку да се фокусирате на желбите што ги засегаат сите луѓе на светот. Посакувајте мир и напредок за целиот свет. Ако посакувате нешто за еден човек може да згрешите, но ако посакувате нешто за целиот колектив секогаш ќе бидете во право.

7. Најужасната омраза најчесто потекнува од најдлабоките желби

Силната желба е моќен мотиватор, но честопати останува неисполнета. Овие силни неостварени емоции може да доведат до други подеднакво силни емоции како што се омраза и гнев. Токму затоа не би требало да живеете во премногу интензивна емоционална состојба. Емоциите се нешто прекрасно, но и ним им требаат граници. Кога целосно ќе потонеме во нашите страсти, длабоки желби и копнежи, тогаш почнуваме да се презираме себеси и другите луѓе. Во тие моменти нашата проценка се замаглува и не можеме да видиме ништо пред себе.

Доколку ви се допаднаа овие мудрости, прочитајте ги и следниве 17 важни лекции за животот од Сократ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар