7 есенски трендови кои можете да ги испробате на себе уште денес

4. Цветните дезени не се само за веселите, летни денови, туку можете целосно да ги пренесете и во месеците кои знаат да бидат тмурни и сиви. Тоа е одличен начин да ја разбиете монотонијата и да создадете вистински баланс кој ќе влијае позитивно на вас, како и на целата околина.

5-7-esenski-trendovi-koi-mozhete-da-gi-ponesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

5. Спојот на елегантното и спортското е нешто што модните блогери го претставија на модната сцена, а парчето облека кое на еден најдобар начин го опишува овој спој се широките панталони со линии од страните. Предвидуваме дека ова парче ќе биде еден од низата есенски трендови што и сега се носат во голема мера.

6-7-esenski-trendovi-koi-mozhete-da-gi-ponesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

6. Секоја ваша модна комбинација, барем како што модните експерти велат, треба да ја надополните со соодветни аксесоари, а најдобри за есента ќе бидат модерните обувки со кои можете да ја „зачините“ секоја ваша комбинација, па со ова експериментирање можете да започнете уште денес.

7-7-esenski-trendovi-koi-mozhete-da-gi-ponesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

7. И на крај, последниот, но не и најмалку важен тренд кога станува збор за есента која пополека се подготвува, е поврзан со чантите. Остри форми, едноставни дезени и бои, долги рачки кои се од синџири, е она што се одобрува од страна на модните експерти.

8-7-esenski-trendovi-koi-mozhete-da-gi-ponesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

За поголема модна инспирација во текот на есента, погледнете ги овие впечатливи есенски модни комбинации на кои нема да можете да им одолеете.