Впечатливи есенски модни комбинации на кои нема да можете да им одолеете

Во потрага сте по модерни, впечатливи и занимливи модни комбинации со кои ќе го освежите вашиот есенски изглед? Тогаш сте на вистинското место, бидејќи денес, како и секогаш, ви претставуваме неколку модни комбинации во кои со сигурност ќе уживате, а се подразбира – и ќе привлечете внимание!

1-efektivni-esenski-modni-kombinacii-na-koi-nema-da-mozhete-da-im-odoleete-www.kafepauza.mk_

1. Есента е вистинско време за тренди џемпери кои одвај сте чекале да ги облечете. Сепак, за да изгледате занимливо и тренди, едноставниот џемпер облечете го со панталони со должина 7/8 кои благо се прошируваат на крајот од ногавиците. Целиот стајлинг „зачинете“ го со впечатливи чизми во необичен дизајн.

2-efektivni-esenski-modni-kombinacii-na-koi-nema-da-mozhete-da-im-odoleete-www.kafepauza.mk_.

2. Фармерките се секогаш вистинскиот избор без разлика која прилика е во прашање. За лежерен, урбан изглед, облечете ги вашите омилени фармерки со удобен дуксер со занимлив натпис и задолжителната кожна јакна. Впечатливите чизми со необичен дизајн и овој пат може да бидат добар моден потег.

3-efektivni-esenski-modni-kombinacii-na-koi-nema-da-mozhete-da-im-odoleete-www.kafepauza.mk_

3. Понекогаш треба да додадете малку боја на есента. Па затоа, бидете смели и понесете силно црвен фустан, а овој стајлинг ќе биде уште повпечатлив ако додадете и занимлива бунда во темно зелена боја. Заедно со внимаелно избраните аксесоари вашиот изглед ќе биде просто совршен. Лежерно, а тренди и женствено!

4-efektivni-esenski-modni-kombinacii-na-koi-nema-da-mozhete-da-im-odoleete-www.kafepauza.mk_

4. Освен еднобојниот фустан, можете да бидете смели и во таа смисла да изберете впечатлив фустан со необичен крој. На пример, црн фустан со занимливи детали во вид на везови или геометриски шари. Ова може да биде одлично „освежување“ за вашиот есенски изглед.

5-efektivni-esenski-modni-kombinacii-na-koi-nema-da-mozhete-da-im-odoleete-www.kafepauza.mk_

5. Костумите и „бизнис“ комбинезоните можеби на прв поглед изгледаат монотоно и ниту малку занимливо, но секако дека ова е само на прв впечаток. Изберете занимлива комбинација на бои или пак впечатлив дизајн и ќе изгледате атрактивно дури и во „строгите“ работни комбинации.

6-efektivni-esenski-modni-kombinacii-na-koi-nema-da-mozhete-da-im-odoleete-www.kafepauza.mk_

6. Црно-белите комбинации успеваат во сите сезони и во сите годишни времиња, па така и кога е во прашање есента. Сепак, за да изгледаат занимливо и впечатливо, тогаш изборот на црните и белите парчиња облека нека биде сè само не класичен. Бидете смели и помалку авангардни, без оглед на тоа што избирате „само“ бела кошула и црни панталони. Уште еден сјаен додаток – маслинеста бомбер јакна!

7-efektivni-esenski-modni-kombinacii-na-koi-nema-da-mozhete-da-im-odoleete-www.kafepauza.mk_

7. Иако тесните фармерки во модниот свет полека одат во заборав, кај нас и понатаму се популарни. Искористете го ова и понесете ги во комбинација со контрастен преширок џемпер кој на вашиот изглед ќе му даде доза тренди лежерност. Сјаен избор за секој ден!

8-efektivni-esenski-modni-kombinacii-na-koi-nema-da-mozhete-da-im-odoleete-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар