7-дневен предизвик за дигитална детоксикација што ќе ви го промени животот

Секојдневно чувствувате неверојатен стрес? Постојано мислите на вашиот телефон и некоја неверојатна сила ве привлекува кон него – да ги проверите нотификациите и имејловите, па постојано сте вклучени на социјалните мрежи. Се обидувате да бидете добро информирани за сè, а во меѓувреме давате сè од себе да го живеете својот живот.

(0) 7 – дневен дигитален детокс што ќе ви го промени животот

Но, дали сте среќни?

Доколку не сте среќни и постојано чувствувате одредена тежина и стрес, можеби треба да размислите за дигитална детоксикација. Тоа би значело да ги оставите настрана сите дигитални уреди и смартфони на некое време. Тоа ќе ви помогне да ги прочистите вашите мисли и да се фокусирате на она што навистина ви значи во животот и ве прави среќни.

Затоа прифатете го предизвикот, чијашто главна цел е да сфатите дека можете да живеете и без вашиот телефон.

Ден 1 – Контролирајте го користењето на телефонот и ограничете се на 2 часа

Можете да инсталирате апликација на која ќе следите колку време во текот на денот го користите вашиот уред. Тоа ќе ви помогне да воспоставите поголема контрола. Додека да го сторите тоа, од овој момент, за денеска ограничете ја употребата на телефонот на два часа. Во тоа време, покрај разговорите се вклучени и проверката на имејлот, социјалните мрежи и сè останато. Не е толку тешко колку што си мислите, само обидете се.

Ден 2 – Не го земајте телефонот додека сте излезени на прошетка

Сите го правиме тоа. Телефоните секаде и секогаш се со нас. Во рамките на вториот ден од предизвикот за детоксикација, излезете на прошетка, но телефонот оставете го дома. Веднаш ќе забележите голема разлика за тоа како ја доживувате средината, и покрај тоа што таа одамна ви е добро позната. Шетајќи без телефонот ќе наидете на детали и убавини кои претходно сте немале можност да ги забележите, затоа што сте гледате во шарениот екран. Истовремено, ќе се чувствувате многу релаксирано, а времето ќе биде само ваше.

Ден 3 – Не го земајте телефонот кога излегувате со пријателите

Третиот ден вклучува предизвик во кој е потребно да го оставите дома вашиот телефон додека сте излезени на забава, вечера, кино, театар… На почетокот од вечерта можеби ќе проверувате во џебовите или во чантата, во обид да го најдете телефонот. Но, по некое време воопшто нема да ви недостасува.

(1) 7 – дневен дигитален детокс што ќе ви го промени животот

Ден 4 – Не го користете телефонот по 21 часот

Земете си „слободна“ вечер. Наместо да гледате во екранот на телефонот, подгответе си вкусна вечера, искапете се во топла бања, пуштете си некој интересен филм или серија. Наместо да следите што прават луѓето ширум светот, потрудете се околу вас, посветете си внимание и ќе забележите колку брзо и мирно ќе заспиете.

Ден 5 – Исклучете ги известувањата

Нотификациите и постојаните потсетувања за нешто создаваат чувство на итност, а дигиталниот свет со тоа добива голема важност. Затоа ослободете се од нив и од звуците кои доаѓаат со нив. Заменете ги улогите, поставете се вие во центарот на вашиот свет, а телефонот нека почека настрана.

Ден 6 – Не го користете телефонот додека сте сами

Се сеќавате ли кога бевте деца и кога моравте сами да смислите забава за да не ви биде здодевно? Потрудете се тоа да го повторите барем на еден ден. Не го користете телефонот додека сте сами. Ќе се изненадите од фактот колку многу работи можете да направите додека не гледате во екраните. Можете да си подготвите вкусно и здраво јадење, да си го средите домот или едноставно да излезете на пријатна, релаксирачка прошетка.

Ден 7 – Не ја полнете батеријата на телефонот неколку дена

Ова е најтешкиот ден од предизвикот, но голем број кои го искусиле ова советуваат дека не е толку страшно колку што изгледа. Подготвени сте? Неколку дена празна батерија на телефонот значи дека ќе можете да земете длабок здив. Овој предизвик е најдобро да се направи за време на одмор или викенд. Откако ќе минат тие неколку дена, ќе се чувствувате свежи и полни со енергија.

Обидете се да го тргнете телефонот малку настрана од вас и ќе забележите неверојатна промена и во вашето расположение и во начинот на кои ги доживувате нештата околу вас. Денес е тешко да се опстане без дигиталните апарати и телефоните, затоа што најголемиот дел од работата е врзана со нив. Никој не вели дека треба целосно да ги исклучиме и да ги отстраниме од нашите животи, но добро е понекогаш да направиме прочистување на нашите мисли и да го одмориме нашиот ум.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар