7 брзи и лесни фризури за секој ден

7 брзи и лесни фризури за секој ден

Барем еднаш на сите ни се случило да не го слушнеме алармот и да се разбудиме со само неколку минути пред нас за подготвување. Фризурата најчесто одзема најголем дел од целата подготовка и ние во тие моменти едноставно не можеме да издвоиме толку време. Еве неколку фризури кои ќе ви помогнат да изгледате совршено за многу кратко време…

1. Направете вашата коса да изгледа свежо

Победете ја мрсната коса со неколку лесни трикови: земете пудра во прав за бебиња доколку имате светла коса или камена пудра ако сте бринети и нанесете ја на врвовите со голема четка за шминкање. На овој начин вашата коса ќе добие свеж изглед. Потоа исправете ги само врвовите со пегла за коса, разбушавете ја со раце и подготвени сте за новиот ден.7 брзи и лесни фризури за секој ден

2. Ставете лента за коса

За поелегантен изглед, исчешлајте ја косата наназад и ставете широка лента со панделка за да го покрие делот кој не сакате да се забележува. Исто така можете да ја соберете косата во пунџа за да добиете посериозен изглед.7 брзи и лесни фризури за секој ден

3. Направете растурена пунџа

Ова е најбрзата фризура за која ви се потребни само неколку секунди. Соберете ја целата коса и заврзете ја со стегач 2-3 пати. Доколку сакате да изгледате поуникатно, обликувајте ја пунџата со неколку шноли во боја на вашата коса, извадете неколку врвови надвор од неа за да изгледа порастурено и на крај завршете со лак за коса.7 брзи и лесни фризури за секој ден

4. Фризура со кинески стапчиња

И покрај тоа што на прв поглед изгледа тешко за правење – всушност таа е неверојатно лесна и брза. Доколку не знаете како се прави погледнете краток туторијал за оваа фризура. Не ви се потребни ни кинески стапчиња ако немате, можете да искористите обично стапче за коса или молив.7 брзи и лесни фризури за секој ден

5. Соберете ја косата со стегач во опавче

Прво намокрете ја малку косата со вода за да добие брановиден облик. Потоа оставајќи еден прамен слободен, соберете ја во опавче. Откако ќе завршите завиткајте го праменот околу стегачот и прицврстете го со мала шнола.7 брзи и лесни фризури за секој ден

6. Соберете ги шишките

Оваа популарна фризура е одличен начин да ги скриете шишките кои ви се предолги. Со помош на две шноли или мал стегач соберете ги шишките нагоре и подотпуштете ги малку за да добиете волумен. За потренди изглед можете да ја соберете косата во растурена пунџа, а ако сакате да изгледате поелегантно, опавчето е совршен додаток на собраните шишки во овој стил.7 брзи и лесни фризури за секој ден

7. Плетенки

Со малку вежбање, за многу брзо време можете да научите да правите совршени плетенки на кој било дел од косата. Француската плетенка на страна, која има улога како лента за коса е одлична идеја доколку имате многу малку време за подготвување. 7 брзи и лесни фризури за секој ден


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар