6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дроб

6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дроб

Кога станува збор за виталните органи, повеќето луѓе воопшто не помислуваат на црниот дроб. Но овој орган е одговорен за трансформирање на хранливите материи од храната во супстанци што нашето тело може да ги користи. Па, важно е да го одржите неговото здравје, а можете да го направите и со некои вежби. Вежбите во продолжение можете да ги изведувате и дома и тие ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дроб.

1. Истегнување на нозете преку глава за стимулација на црниот дроб

6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дроб

Ова истегнување го стимулира црниот дроб да работи подобро. Вежбата ќе го подготви црниот дроб подобро да ги „фати“ хранливите материи во храната што сте ја консумирале во текот на денот.

  • Легнете на грб и поставете ги рацете покрај телото, со дланките свртени надоле.
  • Кренете ги нозете и држете ги исправени.
  • Бавно префрлете ги над главата и спуштајте ги додека стапалата не ја допрат земјата зад рамената.
  • Држете ја положбата околу една минута и бавно вратете се во почетната положба.

2. Виткање на торзото за подобра циркулација

6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дроб

Виткањето на телото бара труд што ја подобрува циркулацијата и дотокот на кислород во црниот дроб. Со оваа вежба, органот ќе добие енергија и ќе ја насочи секоја хранлива материја онаму каде што треба.

  • Седнете на мека и рамна површина со прекрстени нозе и исправен грб.
  • Фатете го левото колено со десната рака.
  • Поставете ја левата рака на подот зад грбот додека сте свртени кон лево.
  • Држете ј положбата 30 секунди, а потоа повторете на другата страна.
  • Повторете 5 пати на секоја страна.

3. Виткање на ‘рбетот за подобар доток на кислород

6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дроб

Оваа вежба ќе нанесе малку притисок на црниот дроб кој ќе биде како масажа.

  • Седнете на мека и рамна површина со прекрстени нозе. Држете го грбот исправен.
  • Подигнете ја левата нога, свиткајте ја и поставете го стапалото покрај десното колено. Ќе почувствувате мал притисок на црниот дроб.
  • Поставете ја десната дланка на левото стапало свртена кон напред.
  • Поставете ја левата рака на подот зад вашиот грб додека сте свртени кон назад.
  • Држете ја положбата 30 секунди, па повторете на другата страна.
  • Направете 5 повторувања на секоја страна.

4. Стегнување на стомакот за зајакнување на црниот дроб

6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дроб

Кога вежбите ги стегнуваат и опуштаат мускулите на стомакот, тогаш ги вежбате вашите органи, вклучувајќи го и црниот дроб. Со неколку стомачни дневно ќе го тонирате овој орган, ќе ја подобрите циркулацијата и ќе го направите поотпорен на секојдневниот стрес.

  • Легнете на мека и рамна површина, малку свиткајте го десното колено и на него ставете го левото стапало.
  • Кренете ги рацете, свиткајте ја десната рака и ставете ја дланката на увото.
  • Дигнете го телото нанапред, малку кон десно, стегајќи ги стомачните мускули. Држете ја положбата 2 секунди.
  • Бавно вратете се во почетната положба и целосно релаксирајте ги стомачните мускули. Одморете 5 секунди со длабоко вдишување.
  • Повторете 20 пати на секој страна.

5. „Анти-стрес“ позиција и масажа

6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дроб

Оваа позиција ќе го релаксира вашиот црн дроб додека добива рачна стимулација со помош на масажа.

  • Легнете на десната страна на мека и рамна површина.
  • Малку свиткајте ги колената. Ќе почувствувате дека стомачните мускули се релаксирани.
  • Поставете ја дланката кај црниот дроб. Нежно притиснете и масирајте го органот 10-тина секунди.
  • Вратете ја раката во почетната положба 10-тина секунди.
  • Повторете 20 пати на секој страна.

6. Кинеска ротација на раце за релаксација

6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дроб

Според традиционалната кинеска медицина, стресот може да предизвика физичка нерамнотежа кај црниот дроб. Оваа вежба ќе ја намали мускулната напнатост и ќе ви помогне да се ослободите од мастите околу црниот дроб.

  • Поставете ги нозете во ширина на рамената и малку свиткајте ги колената. Рацете поставете ги покрај телото.
  • Подигнете ги рацете до висина на рамнета, со дланки свртени нагоре, така што едната е пред вас, а другата зад вас.
  • Кренете ги рацете и лицето нагоре.
  • Вратете ги рацете во претходната положба и променете ја позицијата – онаа што била напред сега е назад и обратно.
  • Повторете 50 пати.

Пробајте ги и овие јапонски вежби коишто се одлични за женското тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар