6 важни љубовни лекции што ги научиле жените во 2018-та година

6 важни љубовни лекции што ги научиле жените во 2018-та година

Неколку жени решиле да ги споделат најважните љубовни лекции што ги научиле оваа година. Од сфаќање дека треба да се грижат за пријателите, до стапување во врска откако го прифатиле сингл животот, овие жени проживеале многу годинава.

6 важни љубовни лекции што ги научиле жените во 2018-та година

Најважно од сè е што успеале да препознаат одредени нешта кои се случиле во нивните љубовни животи и да созреат. За ова е потребна свесност, емоционална зрелост и вистинска сила. Погледнете ги нивните лекции и можеби и вие ќе научите нешто ново.

1. Платонската љубов е исто важна колку и романтичната

„Изјавата на Кери Бредшо дека најдобрите пријатели ви се сродни души е вистина. Без разлика што се случува во вашиот љубовен живот, луѓето кои ве сакаат (и ве сакале со години) токму онакви какви што сте, ќе бидат најголемите и најважните љубови во вашиот живот. Мислам дека најголемата лекција што ја научив во 2018-та година е да го ценам тоа.“ – Кајли, 29

2. Подобро е да бидете сингл отколку да прифатите врска што не ви одговара

„Вашите чувства се важни и не треба да дозволите да станат неважни само затоа што некој не се чувствува исто или не може да ги разбере. Вашето срце навистина ќе го буни вашиот ум, но не треба да го дозволите тоа. Слушајте ја вашата интуиција и внимавајте на предупредувачките знаци – секогаш се реални и точни.“ – Доминик, 20

3. Уживајте во сингл животот пред да започнете врска

„Открив дека треба да го прифатам сингл животот бидејќи којзнае колку долго ќе трае. Што ако се вљубам утре и никогаш повеќе нема да бидам сингл? Кога го запознав дечко ми набрзо потоа, со самодоверба донесов одлука да бидам во врска. Знаев дека ја одбирам врската бидејќи навистина сакав да бидам со него, а не бидејќи не сакав да бидам сингл.“ – Хана, 25

4. Надминете го стравот од скршено срце

„Ја најдов љубовта на мојот живот. Тој е дел од мојот живот, како дишењето или будењето секое утро. Не знаев дека ми требаат многу од начините на кои се грижи за мене и некои делчиња од мене што порано не се поклопуваа одеднаш се поклопија. Навистина сум среќна што најдов совршен човек за мене.“ – Шери, 28

5. Не треба да се менувате за партнерот

„Да бидете вљубени не подразбира дека треба да се менувате за партнерот. За да имате добра врска треба да бидете искрени кон себе.“ – Сара, 21

6. Партнерите треба да вложуваат исто во врската

„Во ред е ако се потребни многу грешки за да разберете што сакате и што можете да понудите. Но штом ќе ги знаете овие нешта, ќе можете да одбирате партнери кои ќе ви ја дадат врската што ја сакате. Беа потребни многу болни грешки за да ја сфатам таа вистина и добро да се запознаам себеси за да можам да ја понудам оваа мудрост на кого било.“ – Естер, 35

Погледнете ги и љубовните лекции кои морате да ги научите во вашите 20-ти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар