6 трикови со кои ќе ги решите болните поткожни влакна

Сите жени кои ги отстрануваат своите влакна со брич или восок, имаат проблем со поткожните влакна неколку дена по нивното третирање бидејќи нивната кожа е полна со ситни, црни точки. За некои, тие може да претставуваат голем проблем, кој се обидуваат самите да го решат, но наместо да експериментираат, треба да пробаат некои од поефикасните и помалку болни начини за спречување на нивната понатамошна појава.

6 трикови со кои ќе ги решите проблемите со болните поткожни влакна

Внатрешните влакна се создаваат кога влакното кое расте останува заробено под површината на кожата, според дерматолозите. Тоа укажува на проблем, бидејќи влакната имаат тенденција да останат под кожата наместо да израснат надвор од неа, што може да предизвика инфекција која може да доведе до појава на мали мозолчиња.

Внатрешно влакно може да се појави кај секого и најчесто тоа е предизвикано од користењето на брич, но и дека најчесто се појавуваат кај жените чие влакно е „грубо“ и виткано.

Како да се спречи појавата на внатрешни влакна?

1. Користете производи за тело со гликолна или млечна киселина

Внатрешните влакна може да се појават кога фоликулот на влакното се соединува со мртвите клетки на кожата, а решение за нив се редовните пилинзи на телото.

Пилинзите помагаат да се спречи појавата на поткожни влакна со тоа што мртвите клетки на кожата ќе се „исфрлат“ на нејзината површина. Како и кај проблемите со акните, гликолната киселина ја разградува мешавината од себум и мртви клетки кои создаваат бариери на влакната, па така тие може многу полесно да стигнат до површината на кожата без да дојде до иритација.

Кај кожата со потемен тен, неразвиените влакна може да остават и неестетски пигментациски белег, но редовната употреба на гликолна киселина (пр. млеко за тело со гликолна киселина) прави чуда.

2. Правете пилинг на кожата со салицилна киселина

Салицилната киселина не е идеална само за оние кои имаат проблем со акни, туку е одлична и за спречување на појавата на внатрешни влакна и отстранување на веќе појавените.

БХА киселината (бета хидрокси киселина), продира длабоко во порите на кожата и ги отстранува мртвите клетки.

БХА ја прави кожата попропустлива за „непречен“ раст на влакната, а исто така има и антиинфламаторни својства, така што го намалува црвенилото кое неразвиеното влакно го предизвикува, а според дерматолозите, има и силни антибактериски својства, кои помагаат да се намали ризикот од инфекција.

3. Користете четка или ракавица за тело

Како што стареете, вашата кожа сè потешко се справува со процесот на детоксикација, елиминација и природно исфрлање на слојот на мртви клетки со што се зацврстува површината на кожата и поради тоа влакната остануваат под неа.

Затоа дерматолозите советуваат да правите брз пилинг со четка или ексфолирачка ракавица пред секое туширање бидејќи тоа го подобрува движењето на клетките, што значи помалку затворени пори и овозможување влакното да расте нормално.

4. Отстранете ги мртвите клетки на кожата со „груб“ (механички) пилинг

Кога времето за туширање е кратко, „грубиот“ пилинг е идеално решение.

Како и пилинзите со киселини, така и оние со груби зрнести состојки помагаат  клетките на кожата да се обноват и да омекнат за преку нив влакната полесно да растат.

Ако имате внатрешни влакна на бутовите или бикини зоната, направете пилинг со шеќер кој е понежен на чувствителните делови и користете го еднаш или двапати во неделата за да имате резултати.

5. Инвестирајте во ласерско отстранување на влакна

Ако внатрешните влакна ве вознемируваат и се обидовте неколкупати да се ослободите од нив но ништо не ви помогна, направете ласерско отстранување на влакна со кое ќе го уништите фоликулот на влакното во коренот. Тоа е ефикасен, долгорочен метод за спречување на растот на несакани влакна, но важно е да се напомене дека со ова влакната се потенки и бавно растат, но не се трајно отстранети.

Третманот (дома или во салон) обично треба да се повтори во интервал од 4 недели, а нередовните третмани може да доведат до повторна појава на влакна, како да не сте направиле ниту еден третман.

6. На крај, ви преостанува пинцетата…

Отстранувањето на внатрешните влакна со пинцета не е идеално, но ако сте се одлучиле за тој метод, изведете го правилно.

Постои безбеден начин за отстранување на внатрешните влакна, но само кога влакното е видливо.

Кога внатрешното влакно е близу до површината на кожата, можете да го ослободите од него со специјално дизајнирана пинцета која е токму за тоа намена, но најпрво треба да ја стерилизирате, и да не ја користите на места каде кожата е воспалена или иритирана.

Можеби сакате да прочитате и зошто производите за нега на кожата немаат дејство?

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар