6-те правила за здрав живот на Меган Маркл, новата вереница на принцот Хари

Од неодамна Меган Маркл ѝ е позната на јавноста како свршеницата на принцот Хари од британското кралско семејство. Но пред тоа, оваа девојка од Лос Анџелес беше позната по својата улога во ТВ серијата „Костуми“ (Suits) како и по својата долга историја со хуманитарна работа. Не е тајна дека нејзиниот живот е проследен со многу одговорности, а со подготовките за кралската венчавка, секојдневието сигурно ќе ѝ стане уште полудо. Погледнете како Меган успева да остане приземјена, полна со енергија и во форма сред целиот хаос со кралската веридба.

6-te-pravila-za-zdrav-zhivot-na-megan-markl-kafepauza.mk

1. Трчањето ѝ е како медитација

Меган знае дека трчањето е добро за нејзиното физичко здравје, но таа го користи и за менталното здравје.

„Обожувам да трчам, но сметам дека е потребно да се пронајде рутина за вежбање која е соодветна за вашето тело. Мене ми е потребно трчањето, како за мојата глава, така и за одржувањето форма. Исто така вежбам многу јога и пилатес“, изјавила таа.

Во друго интервју признала дека трчањето е нејзина медитација.

„Трчањето отсекогаш било форма на движечка медитација која ја ценам бидејќи ми дозволува да излезам од мојата глава.“

2. Не поминува ниту еден ден без енергетски, здрав пијалак

Кога ќе почувствува попладневен замор, Меган не посегнува по кафе. Наместо тоа, таа одбира зелен сок или комбуха.

„Кафето и сличните нешта може само да ве повредат, па јас барам природен извор на енергија како зелен сок, па дури и комбуха. Нешто што му годи на вашиот систем.“

3. Таа верува во моќта на давањето

Меган долго време се залага за жените и верува дека давањето е во нејзината ДНК.

„И двајцата мои родители имале малку, па одлучиле да даваат многу – купувале мисирки за засолништата за бездомници на Денот на благодарноста, носеле оброци во болниците, донирале пари секогаш кога можеле и тивко покажувале љубов, со прегратка или со утеха. Додека растев секојдневно го гледав ова, па затоа сега и самата сум таква – млада жена која е социјално свесна да го направи она што може или барем да каже кога нешто не е во ред.“

4. Има долга историја со јога

Меган редовно вежба јога и го правела тоа уште од мала. Нејзината мајка е јога инструктор.

„Јогата ми е во крвта. Ги сакам интензивните јога часови кои се уште подобри ако се во затемнета просторија со хип-хоп музика.“

Покрај тоа таа верува во моќта на јогата за намалување на анксиозноста и за подобар сон.

„Постојат многу предности кај јогата. Зголемена флексибилност и мускулна сила, поголема среќа, зголемен ментален фокус, поголема способност за релаксирање, намалена анксиозност и подобар сон.“

5. Сака да се храни здраво, но за викендите може и да се опушти

Меган ја одржува својата енергија јадејќи зеленчуци, протеини и здрави масти кои ги добива преку рибата во текот на неделата. Но според неа, за викендите е сосема во ред и да мамите.

„Се обидувам да избегнувам храна која ќе ме направи летаргична. Најчесто јадам риба и зеленчук, но сакам и брза храна. За викендите си дозволувам да се опуштам. Сметам дека ако се откажете од нешто, само ќе го посакувате тоа повеќе. Па, мене ми е важно да најдам рамнотежа. Сакам хамбургери и помфрит, и сакам добра италијанска и мексиканска храна.“

6. Таа верува во кратките, ефективни вежби

Сега Меган е позафатена од кога било порано, но сепак наоѓа време за вежбање, макар и 15-тина минути на ден.

„Ги користам вежбите на Трејси Андерсон веќе 5-6 години. Резултатите се одлични. Секогаш наоѓам барем малку време за вежбање.“

Кога веќе сме кај кралското семејство, погледнете како Вилијам и Кејт го прекршуваат кралскиот протокол.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар