6-те особини на психички стабилните луѓе

Сталоженоста и менталната сила се многу посакувани доблести, особено за денешниот брз начин на живеење, каде што мултитаскингот е клучен, а слободното време скоро и да не постои. Иако на многумина им изгледа дека треба да бидете родени со ментална сила и психичка стабилност, важно е да знаете дека тоа може секој да го постигне со доволно труд. Во продолжение погледнете кои се 6-те особини на психички стабилните луѓе и како и вие самите да се претворите во едни од нив.

1. Прифаќаат предизвици

За нив предизвиците се шанса за успех, а не причина за страв. Ако успешно ја решат дадената ситуација, тие ќе бидат во предност, а покрај успехот, ќе им порасне и самодовербата.

2. Го ставаат фокусот на ситуации што можат да ги контролираат

Животот е полн со непредвидливи ситуации, па затоа и стабилните луѓе се фокусираат на оние нешта што се под нивна контрола, притоа вложувајќи го својот максимум во нив.

3. Поставуваат јасни граници

Дури и кога им е тешко, тие знаат да кажат не ако тоа е правилниот одговор. Тие се грижливи и водат сметка за туѓите емоции и потреби, но знаат и кога мора да се стават себеси на прво место.

4. Не живеат во минатото

Тие од минатото научиле кои грешки да не ги повторуваат, а сега тоа време е далеку зад нив и воопшто не трошат енергија да се навраќаат на него.

5. Преземаат одговорност за своите постапки

Тие се свесни за своите грешки и никогаш не бараат вина во другите. Знаат дека од грешките најдобро се учи, па преземаат одговорност и продолжуваат понатаму.

6. Доследни се на себе

Тие добро ги познаваат сите свои морални вредност и доволно се храбри да живеат според нив. Тие цврсто се држат до своите ставови, детално ги преиспитуваат и доследно ги применуваат.

Молчењето е злато: Дознајте и зошто психички силните луѓе не реагираат на навредите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар