6-те нешта кои среќните луѓе секојдневно ги кажуваат

6-те нешта кои среќните луѓе секојдневно ги кажуваат

Колку често користите позитивни зборови за да се мотивирате? Сите среќни луѓе се смеат, размислуваат позитивно и веруваат дека можностите на животот се бескрајни. И вие би можеле да бидете постојано среќни, доколку сте свесни за зборовите кои ги користите и ги вклучите следниве 6 фрази во вашето секојдневие…

6-те нешта кои среќните луѓе ги кажуваат секојдневно

1. „Денес ќе биде одличен ден.“

Вие сте живи, токму затоа и секое утро будете со насмевка. Размислувајте за сè што имате во вашиот живот и дозволете им на овие нешта да ве инспирираат. Уживајте во погледот и звуците на светот околу вас и ќе почнете да го гледате секој ден со нова перспектива. Животот треба да се живее со насмевка, фантазија, истражување, учење, прегратки, споделување, грижење, помагање и исцелување. Одбирајте да ги правите овие нешта секојдневно и максимално да го искористувате вашиот ден.

2. „Едвај чекам да го работам тоа.“

Сè што правите е онолку големо колку што сте и вие, па токму затоа и растете преку работата. Но, уште поважно, запомнете дека оваа работа е тешка за извршување само доколку нема никакво значење за вас. Доколку вашиот ден е монотон, тоа ќе се случи и со вашиот живот, па и со вас лично. Вашата работа ќе исполни голем процент од времето кое ќе го поминете на оваа планета, па токму затоа би требало да ја исполните со забавни нешта кои ќе ви го одржуваат ентузијазмот.

3. „Ќе се обидам повторно.“

Заборавете на неуспехот. Доколку се обидете да направите нешто, да се подобрите, да го елиминирате долгот, да изгубите тежина, да ја подобрите вашата врска или пак, да го направите светот подобро место за живеење, вие веќе сте постигнале нешто неверојатно, без разлика на резултатот. Трудењето е секогаш доволно. Доколку нештата не ви испаднат онака како што сте ги замислувале, исправете се и бидете горди на себе, а потоа обидете се повторно, притоа земајќи ги во предвид лекциите кои сте ги научиле од грешката.

4. „Ти благодарам.“

Благодарноста води кон големи нешта. Таа може буквално да направи сите оние нешта кои ги имате да ви бидат доволни. Може да ја трансформира работата во среќа, хаосот во ред, несигурноста во јасност и да ви доведе мир во тежок ден. Благодарноста за сите оние добри нешта кои веќе ги имате во вашиот живот ќе ви дадат чувство на спокој, бидејќи нивното ценење и почитување ќе ви овозможи поголема сила во вашиот живот.

5. „Во ред сум.“

Начинот на кој се реагира на животните трагедии е она што го оформува карактерот. Понекогаш се случуваат лоши нешта, тоа е неизбежно, па сè што треба да направите е да се справите со нив и да продолжите понатаму. Не се кријте од нив. Доколку вашите соништа се надвор во светот, а вие се криете внатре, единственото нешто кое ќе се собере во вашиот ум е огорченоста. Токму затоа ако нештата станат лоши, што со тек на време ќе се случи, застанете и кажете гласно, „Во ред сум.“ И не заборавајте дека оние кои паѓаат, стануваат многу посилни од кога било претходно.

6. „Имав исполнет ден.“

Среќата е мисија, еден вид патување. Тоа е нешто што вие го чувствувате и кон кое тежнеете. Токму затоа и треба да ги насочите вашите мисли и труд во соодветна насока со цел да ја остварите вашата цел. Најсреќните моменти се неочекуваните победи на овој доживотен пат, кои ќе ве исполнат со многу радост. Среќата никогаш нема да биде тоа што сте го нашле на крајот од патот, туку тоа што го правите за да стигнете до таму. Откако еднаш ќе се најдете во оваа состојба на среќа, тоа значи и дека сте го откриле вашиот ритам. Не застанувајте.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар