6 едноставни совети за среќен и здрав брак (со деца)

6 едноставни совети за среќен и здрав брак (со деца)

Понекогаш изгледа дека денешните бракови се потешки од кога било порано. Без разлика дали имате многу работа или се грижите за вашите деца, сите се апсорбирани од нивните зафатени распореди. Сигурно сакате да поминувате време со сопругот, но тоа не се случува никогаш… Па, не е ни чудно што врската ви е во неволја.

6 совети за среќен и здрав брак

Да бидете родител навистина значи да вложите многу во хигиената на домот, прехранување на семејството и задоволување на потребите на децата. Но кога сте и сопруга и родител, важно е да запомнете дека вашиот брак е исто толку важен колку и децата. Едноставно не можете да одгледате среќни деца ако нивната основа не е цврста, а здравото семејство е цврсто колку родителите.

1. Неопходно е да поставите секојдневна рутина за вас и за вашата врска

Без разлика дали станува збор за неделно излегување со најдобрите пријатели или одвојување време само за вас двајцата, имањето рутина ќе ве мотивира. Излегувањето од дома е првиот добар чекор ако не сте сигурни каде да почнете.

2. Бидете искрени за вашите чувствата

Без разлика колку е очигледен вашиот стрес, голема е веројатноста сопругот да не разбира што навистина ви се случува. Не плашете се да му кажете.

3. Побарајте засилување

Нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да побарате помош. Туѓата перспектива за ситуацијата може да направи многу голема разлика.

4. Понекогаш неопходно е да го ставите бракот на прво место

Децата се вашиот свет, но понекогаш грижата за нив прави да заборавите дека родителството не е вашиот единствен идентитет. Од голема важност е да не го заборавате вашиот идентитет како маж и жена, односно да не се гледате само како мајка и татко.

5. Согласете се дека не се согласувате

Сите парови во здрава врска се расправаат. Тоа е сосема нормално. Она што е навистина важно е како ќе се справите со тие расправии. Не заборавајте дека расправата не е за да се најде победник, туку за и двајцата да се чувствувате слушнато и разбрано.

6. Јавното покажување љубов е сосема здраво

Ако им покажувате на вашите деца колку се сакате, тоа ќе има влијание на нивното идно мислење за врските.

Погледнете ги и овие правила за среќен брак од нашите баби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар