6 скриени знаци кои укажуваат на зависност од секс

6 скриени знаци кои укажуваат на зависност од секс

Зависноста од секс е една од темите кои најчесто не се сфаќаат сериозно, но која може да доведе до големи проблеми во животот. Независно дали зголемениот сексуален апетит може да се смета за психолошко нарушување или не, постојат одредени карактеристики кои се заеднички за сите оние кои покажуваат знаци за зависност од сексот. Следуваат 6 вакви карактеристики кои можат да укажуваат на поголем проблем кој се крие под површината на очигледното.

6 скриени знаци кои укажуваат на зависност од секс

1. Секс како оружје

Кога сексот станува алатка, начин за одмазда или изедначување сметки со партнерот, тоа е еден од основните знаци дека вие не ја гледате оваа активност како задоволство, туку само како еден вид оружје кое ви помага да ги остварите своите цели.

2. Секс за смирување негативни емоции

Одредени луѓе гледаат на сексот исклучиво како начин за смирување или некаков вид седатив со кој се бега од секојдневието. Доколку единствениот начин да бидете среќни е сексуалниот однос и емоциите кои тој ги побудува, тогаш треба да сопрете и да размислите подобро за вашата љубовна врска и начинот на кој таа функционира.

3. Секс како средство за будење емоции

Сексот може да биде и единствениот начин одредени индивидуи да се чувствуваат живо. Тој им помага да ги доживеат емоциите кои се сосема нормални и секојдневни за други луѓе. Станува збор за зависност од страст каде што потрагата по нов сексуален партнер е искуство кое се споредува со најголемите успеси во животот.

4. Возбудување поради ризик

За некои личности не постои ништо посекси и повозбудливо од преземањето ризици кои доаѓаат во форма на неверство, секс со непознати личност, односи без соодветна заштита, па дури и намерно зголемување на шансите за бременост.

5. Таен сексуален живот

Доколку своите сексуални искуства не ги делите дури ни со вашите најблиски, постои шанса дека се срамите од тоа што ве возбудува и се плашите од можен презир. Со тек на време, оваа тајна ќе почне да станува сè поголема и потешка за чување, резултирајќи со многу негативно влијание на вашето расположение.

6. Плаќање за сексуални услуги

Доколку плаќате за сексуални услуги, тоа не само што е нелегално, туку можеби е и најголемиот знак дека развивате (или веќе сте развиле) зависност од секс. Колку повеќе плаќате, толку повеќе ризикувате, а со тоа вашиот проблем станува и сè појасен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар