6 причини зошто е време да почнете да се гледате со помлади момци

Џенифер Лопез, Шакира, Мадона… Што имаат заедничко сите овие жени, освен тоа што се богати, славни и неверојатни? Тие преферираат мажи кои се помлади од нив. И покрај тоа што реално би можеле да го имаат секој маж кој би го посакале, тие сепак се одлучиле за момчиња. Па, што е тоа што ги прави помладите момци толку привлечни за постарите жени? Погледнете ги следниве неколку причини зошто е одлично да се биде во врска со помлад маж.

6 причини зошто е време да почнете да се гледате со помлади момци

1. Тие ќе ви се поклонуваат

Помладите момци ги доживуваат постарите жени како личности кои знаат сè и кои се многу мудри. Токму затоа тие секогаш ќе ве третираат како своја кралица и постојано ќе ве слушаат и ќе ги прифаќаат вашите совети.

2. Ќе имате многу секс

Се вели дека жените го доживуваат својот сексуален врв на 35 години, додека пак мажите на 18. Тоа е навистина голема разлика во годините. Токму затоа и кога сте постара жена која е во врска со маж на иста возраст, може да се случи да не го добивате задоволството меѓу чаршафите кое ви е навистина потребно. Од друга страна пак, младите момци можат одлично да ги задоволат сексуалните апетити на постарите жени.

3. Можете да го претворите во вистински маж

Тој не си ги собира чорапите од подот и ретко кога средува. Да, тој е млад и безгрижен! Но, тоа значи и дека е на совршена возраст да се „обликува“. Многу е полесно да му помогнете на мажот да порасне кога е помлад, отколку кога е постар. Како што поминуваат годините, така навиките се зацврстуваат, па затоа и полесно ќе можете да го направите момчето онаков маж каков што би сакале крај себе отколку оној кој е веќе зрел.

4. Ќе имате многу заеднички авантури

Не зборуваме само за сексуални позиции. Младите момци се подготвени за сè. Тие сакаат да го истражуваат животот и да ги дознаат сите чуда ширум светот.

5. Имате поголем избор помеѓу младите

Тешко е да се најде партнер, особено ако имате над 35 години. Повеќето мажи се или зафатени или носат голем емоционален багаж зад себе. Токму затоа и имате многу поголеми шанси да најдете некој кој е помлад од вас, бидејќи тие само што почнале да бараат личност за вистинска љубовна врска.

6. Не постои притисок за брак

Кога сте во врска со помлад маж, вие можете да се чувствувате целосно без потребата да стапите во брак. Помладите момци се совршени за оние жени кои сакаат да се забавуваат, додека истовремено се сигурни во својата врска. Тие се одлични сексуални партнери и моментални сопатници. Едноставно не ви е потребен прстен.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар